На 7 мај 2026 година, се одржа средба помеѓу претставници на Транспаренси Интернешнл-Македонија и амбасадорот на Австралија, Н.Е. Питер Трасвел.
Средбата беше организирана со цел да се разговара за актуелната состојба во борбата против корупцијата, активностите што ги преземаат различните чинители и успешноста на досега преземените мерки.
Претставниците на Транспаренси Интернешнл-Македонија ги презентираа своите активности што ги спроведуваат и со кои активно придонесуваат во борбата против корупцијата. Дискусијата продолжи со размена на мислења за тековните случувања поврзани со владеењето на правото и борбата против корупцијата. Дел од фокусот беше ставен на состојбата во судството и институциите кои активно учествуваат во борбата против корупцијата.
Транспаренси Интернешнл-Македонија ја изрази својата подготвеност за соработка и размена на добри практики и искуства што можат да се искористат за унапредување на состојбата со владеењето на правото и борбата против корупцијата.




