Транспаренси Интернешнл – Македонија одржа средба со постојаната координаторка на ООН, Н.Е. Рита Колумбиа.
Средбата беше фокусирана на можностите за спроведување заеднички активности насочени кон зајакнување на соработката во борбата против корупцијата и унапредување на доброто владеење.
Средбата беше во согласност со мисијата на постојаната координаторка во Северна Македонија, со цел поддршка на националните приоритети, развојните стратегии и плановите.




