За проектот
Период на имплементација: ноември 2018 – март 2021
Донатор: Европска комисија
Проектот се спроведува од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл во Берлин, во соработка со ограноците на Транспаренси Интернешнл во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Северна Македонија, и Турција, како и со партнерските организации – MANS (Црна Гора) и IDM (Албанија).
Цели на проектот:
Целта на проектот е да се подобри демократското владеење во 7-те потенцијални држави за интеграција во ЕУ преку намалување на корупцијата.
Активности
Конкретно, активностите се насочени кон остварување на:
- Зајакнување на транспарентноста и одговорноста на судството преку справувањето со неказнивоста за голема корупција како почетна точка во решавањето на проблемот со заробената држава.
- Подобрување на демократското донесување на закони преку препознавање на наменско – донесените закони или „закони донесени по мерка“ коишто овозможуваат функционирање на заробената држава
За остварување на целите, среднорочниот резултат е:
- Овозможување на подобро разбирање на главните засегнати страни во 7-те земји-кандидатки за интеграција во ЕУ во однос на концептот на голема корупција и ефектите коишто произлегуваат од неа
Компоненти
Една од компонентите на проектот е оценување на големата корупција во судството.
Истражувањето ќе обезбеди четири резултати:
- една датабаза (по проект-партнер) и една регионална датабаза
- национален извештај
- еден регионален компаративен извештај за голема корупција во Западен Балкан и Турција
- листа на наменско – донесени закони (закони донесени „по мерка“) по држава