|
– Направивме 66 внатрешни истраги за несоодветно однесување и злоупотреба на службената должност на царински работници. Покренати се голем број дисциплински мерки и постапки, а има и отказни решенија. Утврдени се повеќе од 3.000 случаи на ненаплатени или нерасчистени долгови за увозни давачки на повеќе од 700 фирми од кои сега половината се во стечај. Утврдено е исчезнување на 340 тони ароматизиран тутун за полнење цигари, сопственост на МВР. Правиме попис на запленети стоки уште од пред 1990 година за кои има сознанија дека дел недостига – информираше Каргов. Тој нагласи дека Царинската управа презела значителни акции за спречување на илегалниот трговија со наркотици, оружје и акцизни стоки. – За 11 месеци направивме контроли на 700 товарни моторни возила, 480 автобуси и 1.250 патнички возила, и дополнителни контроли во 94 фирми. Запленивме 140 килограми опојни дроги, 25 милиони парчиња цигари вредни 52,5 милиони денари на кои биле избегнати давачки од 85 милиони денари. Беа запленети 66.000 евра, 46.000 швајцарски франци,120.000 канадски долари и 15.000 американски долари. Поднесени се 79 кривични и 147 прекршочни пријави – истакна директорот на Царинската управа.
Извор: Време |