05.10.2007 НЛБ Тутунска банка освои сертификат за добро корпоративно управување во изборот организиран од Транспарентност – нулта корупција во соработка со стопанските комори во земјава. Наградата за успешно корпоративно управување се доделува првпат.
Во рамките на проектот за избор на компанија со добро корпоративно управување, тим на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор, подготвија листа на критериуми врз основа на кои се изврши изборот на компаниите. Критериумите се однесуваа на активностите на менаџментот на компанијата, односот кон вработените, комуникацијата со потрошувачите, релациите со снабдувачите, како и придонесот на компанијата во заедницата и околината во која дејствува.
|
Наградата е уште една потврда за успешно работење на НЛБ Тутунска банка и за нејзиниот придонес во имплементацијата на нов општествен стандард во работењето на компаниите во Македонија, соопштуваат од Тутунска банка.
Извор: Вечер |