27.11.2007 "Транспарентност- нулта корупција" одржа редовно годишно Собрание на кое беа донесени повеќе одлуки и беше избран нов претседател на организацијата.
На Собранието што се одржа на ден 26.11.2007 г. членовите беа информирани за работата на организацијата за периодот ноември 2006 – октомври 2007 година , за состојбата со членството, беа избрани нови членови во Управниот и Надзорниот одбор и беше презентирана и усвоена Програмата за работа на "Транспарентност- нулта корупција" за периодот 2008-2010 година.
Собранието му се заблагодари на г-дин Мето Јовановски за ангажманот на позицијата претседател на "Транспарентност- нулта корупција" и за нов претседател еднагласно беше избрана доц. д-р. Слаѓана Тасева.
Собранието со задоволство констатира дека "Транспарентност- нулта корупција" во изминатиот период успешно ги оствари предвидените цели, а особено тоа што стана контакт членка на Transparency International.