07.01. 2008 Transparency International Кенија и глобалното движење Transparency International се длабоко загрижени од сериозните обвинувања за изборни нерегуларности на скорешните избори во Кенија, како и насилните немири кои ги предизвикаа. Прашањата за транспарентност и интегритет кои се наметнуваат над претседателските избори, всушност имаат потенцијал фатално да го поткопаат владеењето и борбата против корупција во Кенија.
„TI повикува за транспарентно решавање на актуелната криза, неодложно, низ активен процес на медијација и независна процена на кампањата и изборните фази“ рече претседателот на TI, Хјуџет Лабел.
„Секое решение од овој ќорсокак мора да се базира на меѓународни стандарди за транспарентност и изборен менаџмент“.
Значајноста на немирите кои ја зафатија Кенија денес има длабоки корени. „Неуспехот на клучните институции на власта, на парламентарна одговорност, како и лошото однесување и менаџмент на политичките партии, донесоа ваква клима на политичко насилство и несигурност. Само преку силно спроведување на одговорноста може да се врати доброто владеење“, рече претседателот на Бордот на директори на TI Кенија, Др. Ричард Лакеј. „Независни механизми кои ја држат целата Кенија одговорна се круцијални за легитимитетот на било која кенијска влада“.
TI е алармиран од жртвите во насилствата, вклучувајќи ги бегалците, од одредени разгорени насилства во изборите, и го изразува своето сочуство на стотиците семејства кои ги загубија саканите и повикува на неодложно враќање на мирот. TI итно ги повикува лидерите на Кенија, како во владата така и во опозицијата да покажат воздржаност и да го побараат истото од своите следбеници. Сегашното насилство има потенцијал да ги продлабочи сиромаштијата и да поттикне клима на владеење на корупцијата.
Африка често ги решавање минатите кризи на мирен начин преку медијација и помирување. Вакво решение водено од Африканската Унија и други непристрасни медијатори ќе обезбеди излез од сегашната кал, додека независните комисии за истрага не дозволат непартиска, објективна анализа на изборниот процес и броењето на гласовите. За непрекинат и мирен развој каков што заслужуваат сите жители на Кенија, владините институции треба да бидат водени со безрезервна одговорност, а борбата против корупцијата мора да биде врвен приоритет.