12.12.2008 По повод Светскиот ден за борба против корупцијата – 9 декември, "Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската Комора на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата, традиционално ќе се доделат сертификати на компании со добро корпоративно управување во 2008 година.
Комитетот за избор врз основа на методологијата и критериумите за избор , додели сертификати за 2008 година на следниве компании: Макпетрол, Тетекс, Охридска Банка, НЛБ Тутунска Банка, Комерцијална Банка, Стопанска Банка, АСП-ПАК, Фармахем, Макстил, Раде Кончар сервис за поправка на електрични производи, Реде Кончар ТЕП, Кнауф Радика, Геопром, Ренова, ПроКредит Банка, Инет, Еуролинк, Виталиа и Агипро.