01.10.2009 Во организација на канцеларијата за правни совети на граѓаните (ALAC – Advocacy and Legal Advice Center) која функционира во рамките на Транспарентност-Нулта корупција, на 30.09.2009 година (среда) беше организирана јавна дебата на тема ,,Како Република Македонија да дојде со суштински судски реформи,,. Потребата за организирање на една таква јавна дебата произлезе од самите претставки на грѓаните кои во оваа канцеларија најмногу се жалат против работењето на судовите.
На дебата во кои учествуваа над 30 лица, со свои излагања и дискусии се јавија врвни експерти и аналитичари добри познавачи на праводудниот ситем и сферата на заштитата на човековите права во РМ, како универзитетски професори, Министерот за правда, Народниот правобранител, претставници на невладиниот сектор и медиумите, членови на Судскиот совет, претседатели на судови, судии, извршители, адвокати и нотари.
Од страна на учесниците дебата беше оценета како мошне успешна и конструктивна. За прв пат за проблемите во судството на иста маса соочуваа и отворено разговараа судиите, невладиниот сектор и новинарите.
Претседателот на Транспарентност-Нулта корупција, универзитетската професорка г-ѓа Слаѓана Тасева зборуваше за интегритетот на судиите.
Министерот за правда, господинот Михајло Маневски детално ги запозна присутните за реформите во правосудниот ситем и за спроведните постапки против тие судии кои ја злоупотребувале судската функција.
Народниот правобранител господинот Иџет Мемети меѓу другото го изнесе алармантниот факт дека од над 3000 илјади претставки на граѓани што пристуигнуваат годишно во оваа канцеларија, околу 1000, односно една третина од нив се однесуваат против судовите.
Професорот Лупчо Арнаудовски акцентот на своето излагање го стави во потребата на независното судство. Тој зборуваше и за начинот на изборот на судиите и јавните обвинители и во оваа насока упати критики за функционирањето на Судскиот совет. За овој висок орган на правдата професорот Арнаудовски истакна дека е единствен орган во државата каде се пресретнуваат сите три власти во државата, законодавната, извршната и судската.
Госпоѓата Милка Ристова судија на Врховниот суд, зборуваше за одговроноста на судиите, додека Славица Димитриевска од невладината коалиција ,,Сите за правично судење ги запозна учесниците на дебатата со мoниторингот на одередени судски постапки од страна коалицијата.
Со свои кометнари и анализи придонес во јавната дебата дадоа и претседателот на невладината организација Истражувачки центар за граѓанско општествоСуад Мисини и Сашо Димовски новинар во магазинот ,,Фокус,,.
Иако во дебатата беа изнесени и спротивставени мислења, кај сите преовладее заедничкото мислење дека во судството во Македоднија има сериозни проблеми, кои не бараат само дебата него и решение.
Во канцеларијата за правни совети при Транспарентност-Нулта корупција, во текот на оваа година се примени околу 160 претставки од грашани од сите краеви на државата, и 80 се однесуваат на работата на судството. Кај секој граѓанин примен на разговор, владее мислењето дека судовите се најкорумпирани органи во државата, и органи со најниска доверба. Реформите во судството кои требаше да ги подобрат состојбите во судствот, граѓаните се уште не почнале да ги чувствуваат.
Од изнесените мислења во дебатата ќе се направата севкупни анализи, од кои ќе произлезаат и препоракие за подобрување на состојбите во правосудниот систем во Република Македонија. Анализите од дебатата ќе се обидат да дадат одговор на клучното прашање ,,Како Република Македонија да дојде до суштински судски реформи,,.
Транспарентност-нулта корупција смета дека во ниедно општество не може да има стабилни односи ако не е обезбедена правдата и владеењето на правото.
Модератор на јавната дебата беше М-р Сузана Салиу, потпретседател на Транспарентност-Нулта корупција и одговорна за канцеларијата за правни совети при оваа организација.