Јавното емитување на снимките, што отвори сомнеж за работењето на Државниот пазарен испекторат доби 12 „матни“ гласа во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“, во која учествуваа 20 главни уредници на печатени и електронски медиуми.
Првиот човек на инспекторатот Саша Аќимовски беше разрешен од функцијата од страна на Владата, но нема одговор на дилемата кој го прислушувал и дали објавената снимка е веродостојна.
Експертите укажуваат дека јавниот сервис на овој начин го прекршил законот бидејќи им го ускратил правото на граѓаните да плаќаат на еднакви рати.
Објавувањето на компромитирачките снимки на „Ју Тјуб“ истовремено е прогласен за најбистар настан во декември, за што се изјаснија 13 уредници.
Ова е позитивен пример за тоа како социјалните мрежи можат да се користат во борбата против корупцијата, но и во други облици на незаконско однесување и злоупотреби од администрацијата.
Доделувањето на сертификати со добро корпоративно управување за 2009 година со седум гласа се најде на второ место на најбистри настани во декември.
Со оваа активност се зајакнуваат стандардите за корпоративно управување и се зацврстуваат севкупните анти-корупциски мерки во приватниот сектор во Македонија.
Во анкетата „Бистро – Матно“ учествуваа телевизиите, А1, Алсат, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, Наша ТВ, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Вечер, Време, Дневник, Лајм, Нова Македонија, Утрински весник и неделниците Глобус, Капитал, Фокус и Форум.
Анкетата „Бистро – Матно“ како дел од борбата против корупцијата се спроведува пет години.