Барометар на корупција за месец декември 2009 г.

bistro-matno.jpg 14.01.2010 Емитувањето на видео материјалот во кој првиот човек на Државниот пазарен испекторат му ветува на сопственик на дискотека дека ќе  најде начин на конкурентски клуб да му се пишат казни, е најматен настан во декември.

Јавното емитување на снимките, што отвори сомнеж за работењето на Државниот пазарен испекторат доби 12 „матни“ гласа во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“, во која учествуваа 20 главни уредници на печатени и електронски медиуми.

Првиот човек на инспекторатот Саша Аќимовски беше разрешен од функцијата од страна на Владата, но нема одговор на дилемата кој го прислушувал и дали објавената снимка е веродостојна.