14.04.2010 Подобрувањето на изборниот систем во земјава беше централна тема на јавната дебата што ја организираше невладината организација Транспарентност нулта корупција (ТНК).
„Навистина претставува предизвик да се стави на маса една ваква тема. Со зголемената транспарентност ќе се намали тензијата во предизборните кампањи “, рече претседателката Слаѓана Тасева на почетокот на дебатата.
„Навистина претставува предизвик да се стави на маса една ваква тема. Со зголемената транспарентност ќе се намали тензијата во предизборните кампањи “, рече претседателката Слаѓана Тасева на почетокот на дебатата.
Нацртот за законски одредби, што беше презентиран на дебатата содржи законски одредби со кои што би се подобрила транспарентноста во финансирањето на политичките кампањи.
„Според извештајот од 2009-та година, Македонија покажа поголема транспарентност, но мора уште многу да се работи на тоа“, нагласи амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија, кои што и финансиски го поддржаа овој проект.
ТНК меѓу другото предлага да се продолжи периодот за изборна кампања на 45 дена пред денот на гласањето и да заврши најдоцна 24 часа пред денот на гласање.
Меѓу другото целта на овој проект е и доближувањето на гласањето на младите гласачи преку интернет курсот за обука на млади гласачи.
Четириесет и шестото пленарно издание на ГРЕКО, што се одржа од 23 до 26 март во Стразбур, резултираше со шест усвоени препораки за Македонија. Државава има рок до 31 септември 2011 година, да ги имплементира дадените препораки.
Извор : Макфакс