03.11.2010 Transparency International ќе ги додели престижните награди за интегритет на 14тата Меѓународна конференција за анти- корупција, која ќе се одржи од 10ти до 13ти ноември во Банкок
Transparency International ќе ги прогласи победниците на наградите за интегритет за 2009 и 2010 година во Банкок, Тајланд, на третиот ден од одржувањето на 14тата Меѓународна конференција за анти- корупција, 12ти ноември, 2010.
Наградите за прв пат се доделени во 2000 година, а со цел да им оддадат почит на истакати индивидуи кои имаат направено значителен придонес во борбата против корупцијата.
На 14тата Меѓународна конференција за анти- корупција ќе присуствуваат над 1000 активисти од областа на анти- корупцијата. Темата на овогодинешната конференција е „Враќање на довербата: Глобална акција за транспарентност“. На конференцијата ке се одржат над 50 работилници и пленарни сесии во рок од четири дена.
Меѓу најистакнатите говорници на конференцијата се и:
• Абхисит Вејајива, Премиер на Taјланд;
• Харихико Курода, Претседател на Asian Development Bank;
• Шри Мулуани Индравати, Управувачки директор на World Bank;
• Хугуете Лабеле, Претседавач на Transparency International;
• Паул Колиер, професор по економија и директор на Centre for the Study of African Economics при University of Oxford;
• Гарет Еванс, претседател во пензија на International Crisis Group;
• Ашкок Кхосиа, претседател на International Union for Conservation of Nature;
• Салил Шети, генерален секретар на Amnesty International;
• Роберт Гринхил, управувачки директор, World Economic Forum.
Комплетната програма со говорници, специјални сесии и работилници може да се најде на следнава страница: http://14iacc.org/programme/at-a-glance/.
Добитниците на наградите за интегритет ќе се прогласат во 10.00 наутро по локално време, во Банкок на 12ти ноември. Победниците ќе ги примат наградите на гала вечера истата ноќ. Предходни добитници на наградите се исклучителни граѓани од различни делови на светот кои имале придонес во борбата против корупцијата, без разлика дали биле инволвирани во владиниот, приватниот или невладиниот сектор.