„Врз основа на судска наредба изминативе неколку месеци беа применети посебни истражни мерки токму поради основано сомнение и индиции дека истиот ја злоупотребува службената положба и незаконски ја финансира кампањата. Така што освен овој случај Министерството за внатрешни работи досега документираше уште два други случаи.“
Претседателот на Транспарентност нулта корупција, Слаѓана Тасева вели дека во земјава никогаш не било доволно јасно како се финансираат политичките кампањи, иако анализите покажуваат дека партиите трошат повеќе пари отколку што тоа го покажуваат сметките за таа намена. Досега немало случај да се докаже дека некоја кампања била финансирана од нелегални извори, иако има начини, вели таа.
„Има институции кои што се надлежни да ги следат овие работи. Каде се печатени билбордите, колку пари се потрошени, како се плаќаат, дали даваат фирмите законски или незаконски? Многу потешко се следи кога вака се влегува со пари во готово кои се даваат на рака и тука има
Дали имаме ние поширока примена на оваа мерка кон сите учесници во изборниот процес или тоа се прави само кон еден кој беше најсилен критичар на власта.сериозен проблем да се дознае од каде доаѓаат тие пари и како, и како се стекнати.“
Тасева додава дека останува отворено прашањето ако Антикорупциска констатираше дека партиите трошеле повеќе од приливот на сметките, дали вакви мерки се применети кон сите партии.
По одредувањето на притворот, Бошкоски беше префрлен во истражниот затвор во Шутка.
Извор: Радио Слободна Европа