10.12.2011 Пријави Корупција е заеднички проект на организацијата Transparency International – Macedonia (Транспаренси Интернешнл – Македонија) и Center for International Relations (Центар за меѓународни односи) кој ќе им овозможи на граѓаните да ги пријават случаите на корупција бесплатно преку СМС мрежата на ONE, преку е-пошта, со пополнување на веб апликација, пријавување по телефон, facebook, преку twitter користејќи го #korupcijaMK.
Нашата веб страна, Prijavikorupcija.org, им овозможува на корисниците да ги прегледаат доставените пријави на сајтот, категоризирани по тип на корупција, но и самите да пријават случај. Prijavikorupcija.org е изработена со Ushahidi, алатка развиена за демократизација на информации, зголемување на транспарентноста и намалување на бариерите за физички лица кои сакаат да ги споделат своите приказни.
Зошто проектот Пријави Корупција е значаен?
Проблемите со корупција се од големо значење за нашата земја. Поголема транспарентност и ниско ниво на корупција им обезбедуваат на граѓаните подобри владини услуги и влада која е отчетна и одговорна пред своите граѓани.
Ниско ниво на корупција е од клучен аспект на пристапувањето во ЕУ за Македонија, како и промоција на меѓународната трговија која покажува позитивни податоци и насоки во стивнување на коруптивните случаи. Пријави Корупција проектот е механизам кој ќе фрли светло на овие прашања за постигнување значајни цели во борбата против корупцијата.
Како работи?
Можете да пријавите корупција на неколку начини:
-Да испратите СМС порака (via ONE 145111)
-Користете го интернет формуларот, можете да испратите фотографија или видео
-Испрати е-пошта: info@prijavikorupcija.org
-Користете го #korupcijaMK на twitter
-Јавете ни се. Пријави Корупција проектот може да се добие на +389 2 3217000
Откако сте направиле еден од претходните чекори, Вашата пријава се разгледува од страна на Transparency International Macedonia. Ако сте ги доставиле Вашите лични податоци, Transparency International Macedonia може да ве контактира во текот на проверката.
Откако Вашата пријава ќе се потврди, статусот ќе биде преименуван во “Потврдено“ и ќе биде прикажано на страницата (без прикажување на вашите лични информации).
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ
Известувањето за коруптивен случај е лесен процес и се врши со испраќање на текстуални пораки, мултимедијални датотеки, електронска пошта или преку јавување на телефон.
Дали моето име ќе се појави на веб сајтот на Prijavikorupcija.org?
Не. Потврдената пријава и детали за истата ќе се појават на сајтот, целосното излагање ќе остане анонимно за јавноста.
Дали е бесплатно?
Да. Вашите пораки дo Prijavikorupcija.org се бесплатни.
Како се појавуваат пријавите на овој сајт? Како можам да ги видам пријавите на мапата на сајтот?
На сајтот Prijavikorupcija.org во рамки од 5км во радиус од пријавената област се појавуваат извештаите.
Пријавите можат да се филтрираат по категории. Исто така може да се филтрираат по “Потврдени/Непотврдени“. САМО одобрените случаи може да се појават во листата на пријави.
Ве молиме за било какви прашања, проблеми или критики пратете е-пошта на info@prijavikorupcija.org или јавете ни се на +389 23217000
_____________________________________________________
Transparency International – Macedonia е невладина организација со седиште во Скопје, национален огранок на глобалната коалиција Transparency International, која работи со цел да воспостави систем за добро владеење и ефикасна превенција во борбата против корупцијата. Оваа организација се залага за држава во која владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Center for International Relations е непрофитна организација лоцирана во Вашингтон, која не е поврзана со ниедна група или идеологија. Оваа организација е посветена на независна размена на меѓународните соработки, известување и економски гледишта и информации. Нивниот примарен фокус е веб сајт новинарство, IA-Forum.org .
National Endowment for Democracy (NED, http://www.ned.org/ )
http://www.prijavikorupcija.org/ (http://www.transparency-watch.org/ )се финансира преку грант на The National Endowment for Democracy.
NED е приватна, непрофитна фондација посветена на развој и зајакнување на демократските инситуции низ целиот свет. Од своето основање во 1983 година, NED остана една од водечките врвни борци за демократија насекаде низ светот, а со тек на време се развива во институција која е центар на активности, ресурси и интелектуална размена за активисти, практиканти и проучувачи на демократијата во светот. NED е посветен на поттикнување и раст на широк вид на демократски институции, вклучувајќи и политички партии, синдикати, слободни пазари и бизнис организации, како и кон придонесување на многу елементи за едно стабилно граѓанско општество кое што ги поддржува човековите права, независните медиуми и владеењето на правото.