Транспаренси Интернешнл –Македонија има потреба од квалификуван кандидат кој ќе ја асистира во имплементацијата на проект, за кои кандидатот треба да ги исполнува следните карактеристики.
– Диплома или еквивалентно искуство во водењето на јавната политика, правни науки, политички науки, меѓународна или економија во развој, јавна администрација, социологија или поврзани социо-научни области;
– Одлични комуникациски вештини, снаодливост, брзина;
– Суштинско искуство и вештина во комуникација со граѓани, воспоставување контакти и работа со претставки;
– Искуство со пишување и зборување на англиски јазик;
– Одлично познавање на МS Office, WordPress, интернет алатки, социјални медиуми
– Предност имаат кандидати со искуство во работа на антикорупциски проекти.
Апликациите да се испрататат по пошта на адреса на Транспаренси Интернешнл –Македонија , ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270 или на e-mail job@transparency.org.mk , краен рок 04 јули 2012 година.