27.06.2012 На вчерашната седница Владата ги усвоила забелешките во извештајот на ГРЕКО за контролата на финансирање на политичките партии. Дали бил позитивен или негативен засега не сакаа да коментираат. За 24 вести единствено потврдуваат дека поминал на седница, препораките биле усвоени.
Во следните неколку дена на пресконференција заедно ќе го објавеле министерот за правда Блерим Беџети и претставничката на Македонија во ГРЕКО Анета Арнаудова.
Завчера невладнината Транспаренси интернешнал обвини дека власта три месеци по објавувањето го крие извештајот. Се сомневаа дека намерно одбегнува да го објави овој извештај бидејќи содржи неповолни оценки во однос на државниот завод за ревизија, со што се обидува да го скрие нивото на корупција во Македонија.

Ниту премиерот Никола Груевски вчера не сакаше да ја коментира содржината на извештајот. Рече дека не бил запознаен. Владини извори тврдат дека владата нема никаква намера да го крие извештајот на ГРЕКО.
Препораките на ГРЕКО се однесуваат на воведување јасни одредби за траењето на изборната кампања, донациите на политичките партии и транспарентноста на нивните сметки.
Извештајот беше усвоен на 46 пленарно заседание во март годинава и содржи 13 препораки од кои 7 се однесуваат на политичкото финансирање. Според правилата на ГРЕКО, овие извештаи се јавни документи, но националните влади се тие кои треба да ги преведат на еден од официјалните јазици и да ги објават.
Извор : 24 Вести