14.11.2017 Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија организираше дискусија на граѓанското општество во Република Македонија каде се разгледуваа три клучни теми: владеењето на правото и борбата против корупцијата, предизвици на граѓанското организации и слобода на медиумите. Д-р Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија беше паналист на тема „Вклученост на организациите на граѓанското општество (ГО) за поддршка на владеењето на правото и борбата против корупцијата“.
На настанот Д-р Тасева истакна дека „делувањето на граѓанските организации во борбата против корупцијата е клучна за развојот на демократијата во Република Македонија. Истражувањето Нацоналниот систем за интегритет – проценка за Македонија кое го спроведе Транспаренси Интернешнл-Македонија дава конкретни забелешки и препораки, како и во која насока треба да се движат реформите во државата. Од друга страна, граѓанските организации кои гласно говореа за сите проблеми и ја критикуваа работата на Владата, се соочија со низа опструкции од страна на извршната власт кои секојдневно испраќаа инспекции се со цел да ја набљудуваат нивната работа и извршат притисок.“
Останатите присутни истакнаа дека граѓаснките организации во моментов се активни во процесот на креирање на политики, што покажува отвореност на Владата за соработка, меѓутоа во текот на овој процес треба да се имаат во предвид и капацитетите на ГО бидејќи се ностат низа нови документи и стратегии во различи области за многу кратко време.