11.11.2020 Корупцијата е еден од главните предизвици за владеењето на правото, животните шанси и егзистенцијата на луѓето во Западен Балкан. Тоа е истовремено причина и последица на криминалната култура што се провлекува низ регионот, и начинот на кој корупцијата е поврзана со политиката сугерира одреден степен на организирана корупција, па дури и елементи на заробена држава, во голем број земји во регионот.
На Западен Балкан има малку истражувања за корупција и организиран криминал, и во академските институции на оваа тема. Регионално, постои и ограничен ангажман од граѓанското општество на тема корупција. Многу иницијативи, вклучително и овој извештај, се потпираат на надворешна поддршка.
Овој извештај се заснова на анализа дадена од експерти кои ја испитуваа корупцијата и нејзиното влијание врз управувањето во секоја земја на ЗБ6 и ги разгледаа антикорупциските рамки на секоја земја, како и владините напори за справување со корупцијата. Особено, се разгледува како владите на шесте земји ги спроведуваат своите антикорупциски залагања дадени во контекст на Берлинскиот процес, иницијатива насочена кон засилување на регионалната соработка на Западен Балкан и помагање на интеграцијата на овие земји во Европската унија. Овој извештај е дизајниран да придонесе конструктивно во спроведувањето и процесот на прегледување на антикорупциските ветувања дадени како дел од Берлинскиот процес и да ги потенцира областите каде што е потребен натамошен напредок.