Преку проектите и активностите Транспаренси Интернешнл – Македонија постојано ги лоцира ранливите точки во законодавството, судството, легислативата коишто ја овозможуваат корупцијата, се стреми кон подобрување на состојбата на укажувачите во Македонија и граѓаните за пријавување и спротивставување на корупцијата. Постојано соработува со ограноците на Транспаренси Интернешнл во регионот, и Секретаријат во Берлин преку своите проектни активности за заедничка борба против корупцијата.

За изградба на демократско, праведно, и инклузивно општество неопходно е сите засегнати страни, институциите, граѓаните и власта да бидат синхронизирани во спротивставувањето на корупцијата. Една од активностите на Транспаренси Интернешнл – Македонија е да ја следи и правната рамка низ која се реализираат и спроведуваат законите, како и околностите и случувањата кога и како биле донесени некои закони – односно дали тие биле донесени под „посебни“ околности за некаква одредена цел.