Проект: Истражување за Индекс на локална транспарентност во Северна Македонија и Србија
Период на имплементација: јуни 2025 – јануари 2026
Донатор: Европска Унија
„Транспарентност Србија“ ќе го сподели своето знаење и искуство со „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ во спроведувањето истражување, евалуација и рангирање на општините според нивото на транспарентност, користејќи ја методологијата на Индекс на локална транспарентност (ИЛТ).
Двете организации ќе спроведат истражување на примерок од општини, што ќе резултира со производ (извештај за ИЛТ со евалуација и рангирање) погоден за јавна презентација, привлекување на медиумско внимание и зголемување на јавната свест.
Конечниот извештај ќе ги содржи наодите во неколку категории – како што се: совет, буџет, јавни набавки, општински претпријатија, слободен пристап до информации, локална самоуправа и граѓани, како и анализа поврзана со родова еднаквост – мажи/жени градоначалници и раководители на локална администрација во однос на транспарентноста.