За проектот

Период на имплементација: 15 јуни 2020 – 14 јули 2021

Донатор: Поддржан од проектот на USAID за граѓанско учество

Проектот има намера да го зајакне владеењето на правото и транспарентноста преку соработка помеѓу институциите, да обезбеди техничка помош и зајакнување на капацитетите и соработката помеѓу Државната комисија за спречување на корупција и Државниот завод за ревизија како надзорни тела и Академијата за судии и јавни обвинители која ги обучува идните судии и јавни обвинители, како институции одговорни за спроведување на истраги и процесирање на предмети.

Цели на проектот:

  • Зголемена и поефикасна соработка помеѓу Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, граѓански организации и медиуми со Државната комисија за спречување на корупција, Академијата за судии и јавни обвинители и Државниот завод за ревизија.
  • Подобрена соработка помеѓу Државната комисија за спречување на корупција, Академијата за судии и јавни обвинители и Државниот завод за ревизија во имплементацијата на антикорупциската легислатива, етичките стандарди и конфликтот на интереси.Зајакнување на капацитетите на институциите кориснички и други релевантни тела вклучувајќи го и Парламентот во борбата против корупцијата.

Активности

  • Подготовка на модул за етика и останати тренинг материјали за Академијата  за судии и јавни обвинители.
  • Одржување на обуки
  • Поддршка на Државната комисија за спречување на корупција.
  • Студиска посета
  • Подготовка на полиси брифови и истражувачки стории.

Очекувано влијание:

  • Зголемена соработка помеѓу институциите.
  • Зголемен број на случаи и интервенции против корупција.
  • Зголемена размена на информации.

Резултати

Зголемена соработка на Транспаренси Интернешнл – Македонија, други граѓански организации и медиуми со Државната комисија за спречување на корупција, Академијата за судии и јавни обвинители и Државниот завод за ревизија.

Зголемена соработка, воспоставување на оперативни процедури и размена на информации и документи помеѓу Државната комисија за спречување на корупција, Академијата за судии и јавни обвинители и Државниот завод за ревизија.

Обезбедување на експертска помош за државните институции за јакнење на нивните капацитети.

Одржување на заеднички обуки за зголемување на соработката помеѓу сите чинители.

Подобрени модули за учење и процедури за извршување на работните задачи во делот на борба против корупцијата со антикорупцијата.

Создавање на експертска мрежа.