За проектот

Период на имплементација: јануари 2020 – декември 2021

Донатор: Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија

Проектот се спроведува од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл во Берлин, во соработка со ограноците на Транспаренси Интернешнл во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Северна Македонија, и Турција, како и со партнерските организации – MANS (Црна Гора) и IDM (Албанија).

Цели на проектот:

Целта на проектот е да се зајакне демократското владеење преку активна вклученост на граѓаните во борбата против корупцијата, да ја оценат ефикасноста и одговорноста на владата и да допринесат за системско зајакнување во политиките и практиките.

Конкретно, проектот се фокусира на следните цели:

  • Зајакнување на жртвите и сведоците на корупција за барање правда во врска со нивните проблеми;
  • Вклучување во стратешки застапувања за допринесување кон системски подобрувања (правни, административни, институционални) во борбата против корупцијата;
  • Зајакнување на способноста и волјата на институциите да примаат и да постапуваат во врска со пријави поврзани со корупција;
  • Да се обезбедат квалитетни услуги на клиентите во Центарот за правни совети (ALAC)

Проектот цели кон поддршка на граѓаните во спротивставување на корупцијата преку обезбедување на правни совети и правна поддршка. Повеќе од 15 години, Центрите за правни совети на Транспаренси Интернешнл – ALAC ги охрабруваат граѓаните и организациите да пријавуваат корупција и ги поддржуваат во постапката за барање на нивната правда. Центрите за правни совети се активни во 59 држави, присутни на сите континенти, и имаат обработено повеќе од 250 000 случаи и пријави од 2003 година.