Проект: Зајакнување на укажувачите во борбата против корупцијата
Период на имплементација: април 2025 – март 2027
Донатор: Expertise France
Општa цел:
Се зајакнува превенцијата, откривањето и решавањето на случаи на корупција во земјите кандидатки за членство во ЕУ — Молдавија, Црна Гора и Северна Македонија.
Очекувани резултати:
- Подобрување на правната и институционалната рамка за заштита на укажувачите
- Зголемена информираност на општата јавност — вклучително и жените и ранливите категории, како ниско платените или привремените работници — за укажувањето и заштитните механизми
- Зајакната примена на законите за укажување на корупција на работното место
- Подобрена имплементација и спроведување на законите за укажување од страна на надлежните институции
- Зголемена безбедност и влијание на укажувачите