Период на имплемeнтација: 11 октомври 2021- 11 октомври 2022

Донатор: Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.

Цели на проектот

Целта на проектот е понатамошно влијание врз соодветна практична имплементација на законодавството за укажувачи преку обезбедување на континуитет во соработката со соодветните институции, подигање на свеста кај граѓаните и ажурирање на интерактивната веб -платформа за укажувачи.

Специфични цели на проектот се:

– да се воспостави континуитет во соработката помеѓу граѓанските организации, приватнот сектор и релевантните државни институции во обезбедувањето поддршка на механизмите за заштита на укажувачите

– понатамошно усогласување на законодавството за укажувачи со правото на ЕУ

– подигање на јавната свест во врска со законодавството за укажувачи и воспоставените канали за заштитено пријавување, објаснувајќи го постоечкиот механизам за заштита и обезбедување релевантни информации за безбедно пријавување и правна заштита на укажувачите.

Активности

  1. Соработка со јавните институции и граѓански организации

– Спроведување состаноци со јавни институции, граѓански организации и приватни субјекти – соработка и комуникација со релевантните институции за спроведување на Законот за заштита на укажувачи, приватни субјекти и други граѓански организации кои работат во оваа област

– Спроведување на обуки со лица овластени за надворешно и внатрешно пријавување во соодветните институции и други релевантни чинители како граѓански организации, медиуми и приватни субјекти

  1. Одржување на онлајн платформа за заштита на укажувачи – можност за директно пријавување и подготовка на веб страна
  2. Следење на спроведувањето на законодавството
  3. Подигнување на јавната свест и кампањи за застапување на национално ниво

– Маркетинг на социјални медиуми

– Печатено и веб рекламирање

– Подготовка на промотивни видеа

– Спроведување кампања за застапување на национално ниво

Резултати

– Поблиска меѓуинституционална соработка за заштита на укажувачите

– Градење на соработка помеѓу граѓанските организации, приватни субјекти и институции

– Подготвен извештај за следење на спроведувањето на законодавството за укажувачи со препораки за унапредување

-Кампања за застапување-заеднички состаноци со главните засегнати страни за застапување и заедничка работа за ефективна имплементација на заштитата на укажувачите

– Обезбеден е континуитет на работата на Платформата за заштита на укажувачи – ТИ-Македонија може директно да комуницира со граѓаните, така што граѓаните ќе имаат пристап до аргументите за ефективна заштита на укажувачите. Оваа платформа служи како клучна точка за информации за законодавството за укажувачи, искуства, добри практики од целиот свет, информации за можностите за надворешно и внатрешно пријавување, итн.

– Воспоставена е промотивна кампања – ќе се користат социјални и печатени медиуми за промоција на проектните активности. Овој тип на медиуми ќе се користи за споделување информации до пошироката јавност