30.07.2007 Имотните листи на државните раководители и носителите на други јавни функции во Македонија денеска за прв пат јавно ги објави Државната комисија за спречување на корупцијата. На официјалниот веб сајт на Антикорупциската комисија се објавени податоци за имотите на шефот на државата Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, премиерот Никола Груевски, како и на министрите и на пратениците. |
Претседателот Бранко Црвенковски во анкетниот лист навел дека поседува стан од 61 м2 во Скопје и банкарски депозит во износ од 618,973 денари. Неговата сопруга поседува патнички автомобил „фолксваген Поло“ и два пакети акции. Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски поседува два стана во Скопје од 104м2 и 58м2, викендичка, патничко возило „цитроен“ и штеден влог од 10.000 долари. Неговата сопруга поседува куќа од 70м2. Премиерот Никола Груевски навел дека не поседува личен недвижен имот, ниту автомобил. Поради непочитување на законската обврска за пријавување на имотната состојба, антикорупциската комисија соопшти дека ќе поднесе барања за поведување прекршочна постпка против девет државни функционери. Имотната состојба се уште не ја пријавиле директорот на Фондот за пензиско и ивалиидско осигурување Муидин Рустеми, државните скретари во министерствата за правда, труд и социјала и образование и наука, Нуман Лимани, Дупко Миновски и Перо Стојановски. Обврската не ја испочитувале и директорот на Управата за прашања на борци и воени инвалиди Бранко Јаневски, директорот на Државниот просветен инспекторат Георге Николов, директорот на Педагошката служба во состав на Министерството за образование Миле Гиновски, директорот на Фитосанитнарната управа Сељими Ирфан и првиот човек на Капетанијата на пристаништа Љупчо Насески.
Извор: Макфакс |