Транспаренси Интернешнл- Македонија во рамки на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија објавува:
КОНКУРС
за изработка на документи поврзани со јавни политики од областа на антикорупцијата и владеење на правото
Со овој конкурс ги покануваме претставиците од граѓанските организации да изразат интерес за подготовка на документи поврзани со јавни политики од областа на антикорупцијата и владеење на правото. Со овие документи се цели кон подобрување на политики за антикорупција и владеење на правото преку анализи на состојбите и укажување на конкретните слабости.
- ПРЕДЛОГ ОБЛАСТИ
Предложените теми треба да се поврзани со столбовите и наодите од Националниот систем на интегритет, анализа спроведена од Транспаренси Интернешнл- Македонија достапна на следниот линк: https://transparency.mk/wp-content/uploads/2024/01/national.integrity.system.assessment.2023-4.pdf
Заинтересираните претставници од граѓански организации треба да понудат предлози за подготовка на документ врз основа на дадената анализа.
- НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат пријавата (Прилог 1) во која што ќе биде објаснета структурата на текстот, односно содржината на текстот во која задолжително ќе бидат наведени: насловот на текстот, проблемите/прашања коишто се третираат во текстот и методологија која ќе се користи.
Изработката на документи за јавни политики треба да ги следи овие чекори:
- Предлог – тема за анализа;
- Дефинирање главни проблеми, истражувачки прашања и хипотези;
- Идентификација на изворите на податоци и спроведување секундарно истражување за областа од која е проблемот: кои се прашањата, кои се главните чинители, актери?
- Идентификација на клучните извори на информации. Тука спаѓаат претставници од различни сектори на општеството, на пример Владата, граѓанското општество, деловниот сектор, медиумите, експерти од конкретната област сл;
- Во зависност од избраната методологија: спроведување анкета (на пример он-лајн), закажување и спроведување интервјуа со дел од клучните извори на информации за темата, анализа на литература (на пример постоечки истражувачки извештаи, релевантни политики и закони и сл.);
- Подготовка на документ во кој ќе се презентираат резултатите. Содржината треба да биде следна:
– Извршно резиме / апстракт;
– Содржина;
– Вовед;
– Анализа на темата/разработка на соодветниот случај;
– Заклучоци;
– Препораки;
– Профил на авторот (до 150 збора) и
– Библиографија/користена литература.
Големината на текстот треба да биде помеѓу 8 и 10 страници (од 4.000 – 5.000 збора). Приказите треба да бидат напишани на македонски јазик (со кирилична поддршка).
- ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕ
Право на аплицирање имаат претставници на граѓански организации. Во прилог на пријавата треба да се поднесе и информација за искуството на кандидати во соодветната област, како и негова биографија.
- СЕЛЕКЦИЈА
Селекцијата на темите ќе ја изврши комисија составена од програмски персонал на Транспаренси Интернешнл – Македонија, а врз основа на темата, искуството и понудената методологија од страна на апликантите. Во рамките на овој грант е предвидено финансирање на вкупно 5 (пет) полиси брифови.
Избраните поединци ќе бидат известени најдоцна 7 (седум) работни дена по завршувањето на конкурсот. Рок за испорака на документите за јавни политики е 15 април 2024г.
- ФОНД НА КОНКУРСОТ
Поединечните надоместоци изнесуваат 40.000 денари во бруто износ.
- НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето се врши со испраќање на пријава (Прилог 1); листа на анализи и публикации од областа на антикорупцијата и владеење на правото (Прилог 2); работна биографија на кандидатот, искуството и понудената методологија. Комплетните пријави треба да се достават на: job@transparency.mk најдоцна до 15 март 2024 г.
Во прилог ги доставуваме Пријавата (Прилог 1) и Листа на анализи и публикации антикорупцијата и владеење на правото (Прилог 2).
Прашања за појаснување на конкурсот може да се постават до 14 март 2024 г. на: msunchevska@transparency.mk.
Овој повик е објавен во рамките на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија.