Integrity Watch платформата за Северна Македонија https://integritywatch.mk/ која беше официјално објавена во декември 2025 година е ажурирана со податоци за 2025 година. Ова е платформа со отворени податоци која им овозможува на граѓаните да истражуваат како парите и моќта се пресекуваат во процесите на донесување јавни одлуки. Развиена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, платформата обединува клучни сетови на податоци за финансирањето на политичките партии, јавните набавки и експлоатацијата на минерални суровини и хидроелектрани – трите области кои се најранливи на корупција и злоупотреба на јавна функција.
При објавување на Платформата, истата содржеше податци за периодот од 2021 година до 2024 година. Ажурирањето беше напрваено во сите три податочни сетови кои ги содржи Платформата.
Финансирање на политичките партиите
Според законот, политичките партии имаат право да добиваат средства од државниот буџет за редовно извршување на своите активности. Други извори на финансирање на партиите се приватните донации и членарините. Сега можете да најдете информации за примени финансиски средства од државниот буџет, членарини и приватни донации за редовното работење на партиите и за 2025 година.
Во делот на донации може да ги прегледате и донациите што партиите ги примиле во периодот во 2025 година.
Јавни набавки – Каде одат вашите пари од данокот?
Јавните институции во Македонија секоја година трошат стотици милиони преку постапки за јавни набавки, а сепак, поради техничките потешкотии при проверката на сите податоци, поголемиот дел од граѓаните не знаат кој ги добива тие договори и зошто. Платформата ги визуализира овие тендери – почнувајќи од 2021 година, а сега заклучно со 2025 година – и ви помага да видите кои компании постојано добиваат јавни договори, колкави се тие договори, од кои институции доаѓаат и дали постојат потенцијални поврзаности на јавни функционери со тие договори или компании.
Експлоатација на минерални суровини и хидроелектрани – Кој ги експлоатира нашите ресурси?
Отворените податоци и лесниот преглед на доделените концесии се неопходни за информирање на граѓаните и сите засегнати страни за ова важно прашање. Отвореноста на овие податоци има јасна важност поради економските и еколошките последици што ги носат овие одлуки. Податоците од надлежните институции во овие области се ограничени, а граѓаните немаат јасна претстава за тоа како овие договори влијаат врз економијата и животната средина – позитивно или негативно. И овие податоци се ажурирани за 2025 година.
Ажурирањето на податоците е направено со поддршка на Европскиот фонд за Балканот





