Стотици се приклучуваат кон заедничкиот повик до ОН за ставање крај на анонимните шел компании
700 потписници од 120 држави бараат од Генералното Собрание на ОН 2021 да постави нов глобален стандард за транспарентност на бенефицирана сопственост
24.02.2021 Транспаренси Интернешнл денес поднесе жалба до Генералното Собрание на Обединетите Нации во име на повеќе од 700 потписници коишто бараат нов глобален стандард за транспарентност за сопственоста на компаниите. Жалбата претходи на сесијата на Специјалната група на Генералното Собрание на Обединетите Нации 2021 којашто треба да се одржи во јуни. Барањето се однесува за сите држави да воведат национални јавни регистри на компаниите откривајќи ги нивните вистински сопственици или оние кои имаат некаков бенефит од нив.
Потписниците вклучуваат реномирани академици и истражувачки центри, компании, бизнисмени, и граѓански организации и активисти како и неколку владини агенции и јавни службеници.
Целосен текст и листа на потписниците https://bit.ly/3dBoOMi
Настан: Промоција на тримесечен Извештај од мониторингот над спроведување на препораките од проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“
Место: Онлајн настан
Време: 11 февруари 2021, во 13.00 часот
Институција: Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со МИОА и НВО Тарнспаренси Интернешнл Македонија (ТИ-М)
ТИ-М во партнерство со ДКСК, МИОА и финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија, во периодот октомври - декември 2020 година спроведен мониторинг и евалуација над активностите на Владата кои се опфатени со препораките наведени во Финалниот извештај од проектот објавен во септември 2020 година.
Презентацијата и препораките можете да ги погледнете:
Во Северна Македонија јавниот притисок ја зајакнува борбата против вкоренетата корупција
-Слаѓана Тасева, Претседателка на ТИ-Македонија
11.02.2021 Објавувањето на резултатите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година на крајот од јануари 2021 предизвика реакции како никогаш претходно. Индексот ја потенцираше итноста за борбата против корупцијата што се надеваме ќе придонесе кон вистинска политичка волја и промена. Во исто време реакциите поврзани со Индексот уште еднаш ги открија многубројните пречки во медиумскиот простор, судството и граѓанскиот сектор коишто го спречуваат напредокот.
Северна Македонија постигна 35 поени во Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година што ја рангираше државата на 111-то место од 180 држави. Во 2014 година бевме рангирани на 64-то место. Овој пад на Индексот допринесе до широко медиумско внимание и реакции во рамки на политичкиот спектрум.
Можеби и очекувано беше главната политичка опозициска партија да ги искористи резултатите да ја нападне владата и обвинувајќи ја за резултатите од Индексот. Од друга страна, Заменикот на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски изјави дека владата работи напорно да ја искорени корупцијата и нерегуларностите од претходните 11 години кога на власт беше претходната влада.
Настан: Промоција за извештај на мониторинг на препораките
Транспаренси Интернешнл-Македонија и Државната комисија за спречување на корупција Ве покануваат да бидете дел од настанот на кој ќе биде презентиран Извештајот за мониторингот над препораките дадени во финалниот извештај од проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“. Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
Во периодот од октомври до декември 2020 година согласно методологијата, спроведен е мониторинг над спроведување на препораките. Целта на овој мониторинг е да се воспостави континуитет во следење на спроведување на препораките, да се согледа на кој начин надлежните институции ги прифатија наодите во Извештајот и кои мерки и активности се преземаат од институциите.
Настанот ќе се
одржи онлајн со почеток во 13 часот. Линк до настанот: