Корупција?

corruption_happens.gif 30.11.2010 69 проценти од граѓаните кои ја посетиле нашата веб страница сметаат дека преку проектот Скопје 2014 се „перат“ пари. Во анкетата на Радио Слободна Европа, само 22 проценти од анкетираните, се на мислење дека нема простор за такви сомневања.
Извори од опозициската СДСМ велат дека владата остава простор за сомневања во тендерските постапки. За нив е несфатливо по кои критериуми на пример се исплаќаат авторските хонорари на проектите од Скопје 2014? Тие се сомневаат дека високите хонорари се само начин да се свртат парите во круг.
И министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, чие Министерство се јавува како инвеститиор на четири проекти од Скопје 2014, вели дека дека секој проект опфаќа повеќе фази на изградба, што подразбира склучување на неколку договори.