Регионален проект: Борба против незаконските текови – „Како регулативите против перење пари се усогласуваат со заштитата на податоци“

Времетраење на проектот: 1 декември 2020 – 31 мај 2021 година Проектот Борба против незаконските текови – „Како регулативите против перење пари се усогласуваат со заштитата на податоци“ започна да се спроведува од 1 декември 2020 година и е прв регионален проект од овој тип спроведен помеѓу Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, и Косово. Целта…

Плановите за интегритет – како механизам за превенција и спречување на корупција во јавниот сектор

Автор: проф. д-р Ивана Шумановска-Спасовска Јакнењето на интегритетот на институциите е особено значајна тема како за процесот за реформи во јавната администрација, така и за спречување на корупцијата. Ова е тема која ги засега интересите на институциите, на вработените, на граѓаните, на приватниот сектор. Тема која е значајна за демократскиот, општествениот и економскиот развој на…

Транспарентност за COVID-19 вакцините

Транспаренси Интернешнл повикува на фер, транспарентен и правичен пристап до вакцини и третмани   Низ светот, државите се под голем притисок да обезбедат вакцини против COVID-19 за своите граѓани. Корупцијата претставува висок ризик до правичен пристап до вакцини и третмани против COVID-19. Недостигот на транспаретност за развојот, набавките, и дистрибуцијата на COVID-19 вакцините е закана…

Европските држави повикуваат за повеќе укажување за климатските промени

Анти-корупциските групи ги повикуваат парламентите да ги заштитат укажувачите: „Луѓето ја имаат најголемата моќ да ги обелоденат еколошките криминални дела“ Берлин / Вашингтон, ДЦ – Националните парламенти низ Европа треба да ги зајакнат и заштитат укажувачите коишто откриваат злосторства коишто се закана за климата, изјави коалицијата на анти-корупциските групи. Групите ги повикаа надлежните да ги…

Стотици се приклучуваат кон заедничкиот повик до ОН за ставање крај на анонимните шел компании

700 потписници од 120 држави бараат од Генералното Собрание на ОН 2021 да постави нов глобален стандард за транспарентност на бенефицирана сопственост    24.02.2021 Транспаренси Интернешнл денес поднесе жалба до Генералното Собрание на Обединетите Нации во име на повеќе од 700 потписници коишто бараат нов глобален стандард за транспарентност за сопственоста на компаниите. Жалбата претходи…

Соопштение за медиумите

Настан: Промоција на тримесечен Извештај од мониторингот над спроведување на препораките од проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“ Место: Онлајн настан Време: 11 февруари 2021, во 13.00 часот Институција: Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со МИОА и НВО Тарнспаренси Интернешнл…

Во Северна Македонија јавниот притисок ја зајакнува борбата против вкоренетата корупција

11.02.2021 Објавувањето на резултатите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година на крајот од јануари 2021 предизвика реакции како никогаш претходно. Индексот ја потенцираше итноста за борбата против корупцијата што се надеваме ќе придонесе кон вистинска политичка волја и промена. Во исто време реакциите поврзани со Индексот уште еднаш ги открија многубројните…

Настан: Промоција за извештај на мониторинг на препораките

Транспаренси Интернешнл-Македонија и Државната комисија за спречување на корупција Ве покануваат да бидете дел од настанот на кој ќе биде презентиран Извештајот за мониторингот над препораките дадени во финалниот извештај од проектот: „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“. Проектот е финансиски поддржан…

Работен состанок со Заменик на Претседателот за борба против корупцијата Љупчо Николовски

04.02.2021 Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија д-р Слаѓана Тасева и генералниот секретар Методи Зајков денес остварија работна средба со г-дин Љупчо Николовски, Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси. На состанокот заеднички детално беа анализирани резултатите за Република Северна Македонија од Извештајот на Транспаренси Интернешнл за Индексот за Перцепција…

Зајакнување на улогата на Академијата за судии и јавни обвинители

27.01.2021 Документ за јавна политика “Зајакнување на улогата на Академијата за судии и јавни обвинители во контекстот на политиките за борба против корупцијата” од авторите: Натали Петровска, Емилија Спасовска и Лепосава Огњаноска се осврнува на улогата на Академијата за судии и јавни обвинители во контекст на политиките за борба против корупцијата, како единствена точка преку…