ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРАВЕН СОВЕТНИК
Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кој ќе работи во канцеларијата во Скопје за работно…
Транспаренси Интернешнл –Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кој ќе работи во канцеларијата во Скопје за работно…
Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) го прекина работниот однос на укажувачот Џон О’Брајан кој пријави корупција во проектите…
Во рамките на проектот Борба против незаконските текови – „Како регулативите против перење пари се усогласуваат со заштитата…
Проектот Борба против незаконските текови – „Како регулативите против перење пари се усогласуваат со заштитата на податоци“…
Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2021 открива декада на стагнирачки нивоа на корупција меѓу злоупотребата на…
Транспаренси Интернешнл – Македонија Ве поканува на прес-конференција на 25.01.2022 (вторник) со почеток во 10:00 часот на која…
Транспаренси Интернешнл Македонија е формирана во 2006 година и е членка на глобалната коалиција за борба против корупцијата Транспаренси Интернешнл којашто е распространета во повеќе од 100 земји во светот.
Визијата на Транспаренси Интернешнл Македонија e искоренување на корупцијата од македонското општество и воспоставување на систем на владеење на правото и општество во кое граѓаните и институциите се спротивставуваат на корупцијата и на незаконските политики.
Мисијата на Транспаренси Интернешнл Македонија е насочена кон aнализа на националната легислатива, компаративна анализа и препораки за подобрување на законската рамка, детектирање на ранливости во законите и правната рамка коишто потенцијално овозможуваат корупција, анализа на системот на национален интегритет на Република Северна Македонија преку анализа на анти-корупциските столбови, соработка со клучни засегнати страни (државни институции, граѓански сектор, бизнис заедницата, медиумите, граѓаните).
Транспаренси Интернешнл Македонија активно соработува и е вклучена во многубројни мрежи на национално и меѓународно ниво. Членка е на Платформата на граѓански организации во борба против корупцијата, Коалицијата за заштита на укажувачи на Југоисточна Европа (https://see-whistleblowing.org/) , и UNCAC (Коалицијата на Обединетите Нации за борба против корупцијата, https://uncaccoalition.org/)
Корупцијата е присутна насекаде: политиката, медиумите, културата, образованието, здравството, бизнис заедницата, судството, граѓанскиот сектор, кај граѓаните, како и во другите општествени гранки.