Ревизорските извештаи без завршница

Слаѓана Тасева од невладината „Транспаренси Интернејшнал Македонија“ вели дека по забелешките на заводот за ревизија, треба да постапи анти-корупциска и јавното обвинителство.
„За жал досега немаме сознанија дека овие институции постапуваат по извештаите на Државниот завод за ревизија, тие воопшто не се транспарентни како прво, така што ние и не знаеме што тие работат и дали нешто преземаат, а, пак, од сите случаи коишто ги видовме дека влегоа во судница во изминативе година-две и повеќе наназад, ние и досега не видовме случај којшто произлегол од извештај на Државниот завод за ревизија“, вели Тасева.