Глобален корупциски извештај за 2008 година

gcr200825.06.2008 Корупцијата во водниот сектор ги става животите и егзистенцијата на билиони луѓе на ризик. Како што покажува Глобалниот корупциски извештај за 2008 година, почетокот на климатските промени и зголемената важност  за обезбедување на вода низ целиот свет ја прави борбата против корупцијата во овој сектор, поургентна отколку било кога. Без зголемена поддршка за да се спречи корупцијата во секторот за вода, ќе се случат високи трошоци по економскиот и човечки развиток, уништување на виталните екосистеми, и зголемување на социјалната тензија, дури и конфликт за овој неопходен ресурс. Овој извештај јасно покажува дека предизвикот на корупцијата мора да се препознае во многу глобални политички иницијативи за еколошка стабилност, развој и сигурност кој што се поврзани со водата.

 

Прочитај повеќе

Повеќе зијан отколку ќар од „Чебрен“ и „Галиште“

  pb18062008
19.06.2008 Македонија повеќе губи отколку што добива ако дозволи изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ според предвидениот проект, предупредија учесниците на вчерашната дебата што ја организира „Транспарентност – нулта корупција“. Нивната главна забелешка е дека хидроцентралите ќе ги исцрпат водните ресурси во Црноречието. Експертите посочија дека овие проблеми произлегуваат од лошите понуди за изградба на објектите, во кои не се водело сметка за интересите на сите корисници на водите. Во тендерот не е доволно анализиран пристапот кон управувањето со водните ресурси. Треба да се имаат предвид сите природни аспекти на сливното подрачје, како и интересите на сите корисници на водата. Изведувачите процениле дека целото количество вода треба да се користи за енергетски цели – вели Јордан Ставров, хидроенерголог.Експертите бараат од водата во Црна Река годишно да се остават 80 милиони кубни метри за населението, 365 милиони за наводнување, 50 милиони за рибници и 68 милиони за биолошки минимум. Во ваков случај, за производство на струја остануваат околу 150 милиони кубни метри вода.
 
Прочитај повеќе

Покана за јавна дебата

logo_mkd_jpgТема: “Развојот на енергетските ресурси и   заштитата наводите и животната средина“
 -Што се добива, а што се губи со изградбата на ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште

 

„Транспарентност – Нулта Корупција” е невладина организација чија главна определба е борбата против корупцијата и почитувањето на принципите за владеење на правото и транспарентното, одговорно и отчетно однесување на сите одговорни учесници во процесите кои се одвиваат во Република Македонија.

Во изминатите неколку години постојано бевме вклучени во активно следење на процесите за трансформација и приватизација на електро енергетскиот сектор. Во текот на оваа година со внимание ги следиме состојбата со менување на Законот за енергетика; постапката за приватизацијата на термо електраната Неготино како и сите аспекти кои произлегуваат од иницијативата за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште на реката Црна.

 

Прочитај повеќе

Владата на Романија со Антикорупциска стратегија за 2008-2010 година

ti 06.06.2008 Transparency International Romania изјави дека се усвојува Националната Антикорупциска Стратегија за ранливите сектори и локалната јавна администрација за 2008-2010 година, на состанокот на Владата на 04 јуни 2008 година, и се смета дека ќе биде вистински чекор за јавната административна област, по одобрувањето на Акциониот план за комплетирање на индикаторите воведени од Европската Комисија по примањето на Романија во Европската Унија.

Усвојувањето на Секторскиот Акционен план за јавната администрација може да придонесе за постигнување конкретни резултати, како последица на специфичните активности усвоени од посебните потреби на секој пристапен сектор.

 

 

Прочитај повеќе

Изборите ќе ги одложат енергетските тендери

powerplant 10.06.2008 Наместо да се забрзаат процедурата, за најмалку една година ќе доцни реализацијата на тендерите во енергетиката, кои многу пати се потенцираа како суштински за државата, односно за нејзината енергетска иднина. Дотолку повеќе ако се знае дека земјата има ограничени енергетски потенцијали и се' поголема побарувачка од електрична енергија, а троши многу пари за увоз на скапа струја. Причина за тоа се предвремените парламентарни избори и дополнителниот период за формирање на новиот состав на владата, што ќе се случи најверојатно во август. Така, наместо во мај да се завршеше парафирањето на документите, како што беше предвидено и потоа да започнеше реализацијата на новите проекти, процедурите се одложени за наесен. Стартот, пак, на изградба, во најповолна варијанта, ќе биде најрано в година напролет, сметаат експерти.
 
Прочитај повеќе

Идните судии и обвинители ќе бидат тестирани анонимно

vaga 09.06.2008 Академијата за обука на судии и обвинители сериозно ги прими забелешките на европските монитори, кои неодамна го објавија извештајот за состојбата во судството, по извршеното скенирање на македонските институции во март оваа година. Следејќи ги инструкциите од извештајот на оценувачката експертска мисија на Европската комисија, веќе за новата генерација кандидати за почетна обука во јули 2008 година ќе се подигне степенот на анонимност на приемниот испит. Управниот одбор на Академијата размислува и за формирање едукаторски тим на судии и обвинители, кои за одреден период ќе ја стават во мирување својата функција и ќе се посветат само на обуката.

 

Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец мај 2008

bistromatno 08.06.2008 Серијата изборни неправилности, на кои укажа и антикорупциската комисија и пресудата за клевета на Основниот суд во Велес изречена за новинар се најматни настани во мај.Најбистри се апсењето на даночен инспектор за мито и затворската казна за сопственикот на фирмата „Арарат“ за перење пари.Ова е оценката на 18 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.
 
Прочитај повеќе

За партиски клипови 23 милиони евра

campaign200807.06.2008 ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со партнерите треба да платат по околу 16 милиони, односно 4,6 милиони евра, во ситуација кога законот дозволува за кампањи да се потрошат само 1,7 милион.

Петте партии и коалиции што освоија пратенички места во Собранието, само за телевизиските реклами во изборната кампања ќе треба да платат околу 23 милиони евра на петте телевизии со национална концесија. Толку изнесува цената за околу 68 часа платена политичка програма во ударните телевизиски термини, што ги закупиле коалициите и партиите во текот на дваесетдневната кампања. Најголема сума од околу 16 милиони евра на телевизиите ќе треба да им плати ВМРО-ДПМНЕ со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“, додека долгот на СДСМ и на коалицијата „Сонце“ ќе изнесува околу 4,6 милиони евра, без други трошоци за кампањата. Само со овие суми и двете коалиции значително ја пречекорија дозволената сума од 1,7 милион евра, колку што законски им е дозволено на партиите да потрошат во кампањата.

 

Прочитај повеќе

Несоодветни наставници и несоодветни оценки

schools
07.06.2008 Во училиштата се уште се бара репродуктивно учење, постои зависност на училишните одбори, а локалната власт се меша во вработувањето на кадарот и во изборот на директори на училишта. До вакви констатации дошле државните просветни инспектори кои забележале сериозни недостатоци во реализацијата на воспитно-образовниот процес во оваа учебна година. И оценувањето на учениците не соодвествувало на нивните знаења. Најголем дел од претставките што стасувале до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) се однесуваат на вработување на кадар, односно укажуваат на непотизам и немање критериуми при вработување на кадар во образованието.
 
Прочитај повеќе

Стразбур вели – ова е чекор назад

  councilofeurope

04.06.2008 Стразбур – Советот на Европа, кој имаше своја делегација набљудувачи, забележува дека изборите во Македонија се некомпатибилни со демократскиот процес. Притоа се жали поради тоа што значителен број од гласачите беа лишени од правото да ја изразат својата волја поради неодговорни, насилни и деструктивни дејства на двете главни албански партии. Парламентарното собрание на СЕ зборува за „организирано насилство, чија цел беше да го наруши изборниот процес“. Покрај насилството, во кое животот го загуби едно лице, на изборите фрлија дамка и бројните нерегуларности во истите овие подрачја, при што се споменуваат полнење на гласачките кутии и фалсификување на резултатите. Некои нерегуларности се забележани и во другите делови на земјата.


 

Прочитај повеќе