„Транспаренси интернешнел“: Македонија нема антикорупциски мерки за помошта од ММФ за ковид-19
Извештајот „Транснационални пипала – глобални жаришта на балканскиот организиран криминал“
Соопштение до медиумите и јавноста
Транспаренси Интернешнел Македонија до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава во врска со незаконските исплати од Агенцијата за филм
06.07.2020 Кривичната пријава е поднесена против вршителот на должност Директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба, казниво по член 353 став 1 и 5 од Кривичниот законик, а во врска со член 34 од Законот за филмската дејност.
Информациите за овој настан се обезбедени преку медиумите, а како прилог до Јавното обвинителство се доставени електронски и отпечатени верзии на извештајот од истражувачко новинарство објавен од Радио МОФ на 25.06.2020, како и извештајот објавен на порталот Сакам да Кажам објавен на 26. 06. 2020 година:
https://bit.ly/2Z28gW5 https://bit.ly/2ZH7hcT
Кривичната пријава е поднесена од Транспаренси Интернешнел Македонија заради тоа што не добивме впечаток дека Јавното обвинителство ќе го преиспита овој случај по допрен глас, а во објавените новинарски текстови се содржани доволно информации од кои може да се согледаат незаконските дејствија на пријавениот, а објавен е и доказен материјал кој секако претставува јавна информација и не би ја загрозил идната истрага.