Известување

05.03.2009 Здружението на граѓани “Транспарентност – Нулта Корупција“ (ТНК) ги известува сите граѓани на Република Македонија кои имаат притисоци од било кој облик, поврзани со гласањето на претстојните локални и претседателски избори, дека можат анонимно да пријават на телефонскиот број 02/3217-000 или на веб страната на ТНК – www.transparency.org.mk   Овие анонимни јавувања на граѓаните…

Прочитај повеќе

ОБСЕ: Загрижувачки изборни притисоци

 osce-odihr
04.03.2009 Загрижувачки обвинувања за притисоци врз поединци добила Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, која ќе ги набљудува претстојните избори во земјава, се посочува во преодниот извештај на Мисијата, која ја проблематизира точноста и Единствениот избирачки список.

„Особено се загрижувачки обвинувањата за закани по работното место на вработени во владини институции, за укинување на пензии или на станарини на лица што искажале поддршка за опозициски кандидати за кои ги дале своите потписи“, се посочува во извештајот кој го опфаќа периодот од 13 до 25 февруари годинава.

 
 
Прочитај повеќе

Судството и медиумите под политички притисок

 statedep

26.02.2009 Владата генерално ги почитува човековите права на граѓаните, но се уште постојат проблеми во судските и полициските процедури и притворот, судството е неефикасно и поради политичките притисоци – се наведува во најновиот извештај во Стејт Департментот за состојбата со човековите права во Македонија изминатата година.

Известувачите на Стејт Департментот наведуваат дека владината критика кон некои т.н. непатриотски медиуми ја намалило слободата на печатот.

 

Прочитај повеќе

Гласачки „дваесетки“ нарачува ВМРО-ДПМНЕ

election06 26.02,.2009 Вработените од ВМРО-ДПМНЕ во министерствата, агенциите, културните и други институции што се во надлежност на Владата мораат на претпоставените да им однесат списоци со по 20 лица што на изборите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Ваква наредба дал врвот на партијата и таа веќе се спроведува, велат високи партиски извори.
На списоците се пишуваат име, презиме и мобилен телефонски број. Потоа од партијата им се јавуваат на запишаните и ги прашуваат дали ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски извори, целта е да не се случи за овие избори партијата да освои помалку гласови од минатите избори, за што постоело одредено стравување во изборниот штаб.

Ова го потврдуваат и вработените што добиле задолженија да им однесат списоци на вработените, но и граѓани што веќе добиле телефонски повици.

 

 

Прочитај повеќе

Известување до медиумите

ti_m_eng 25.02.2009 „Транспарентност – Нулта Корупција” е невладина организација чија главна определба е борбата против корупцијата и почитувањето на принципите за владеење на правото и транспарентното, одговорно и отчетно однесување на сите одговорни учесници во процесите кои се одвиваат во Република Македонија.

Во изминатите неколку години постојано бевме вклучени во активно следење на процесите за трансформација и приватизација на електро енергетскиот сектор. Во текот на минатата и оваа година со внимание ја следиме активностите на постапување на тендерот за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште на реката Црна.

 

 

Прочитај повеќе

Голем интерес за „Чебрен“ и „Галиште“

dalnovod 24.02.2009 Близу 20 компании од сферата на енергетиката се јавија вчера во Министерството за економија да ги искажат своите забелешки за тендерската документација за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Ваквиот интерес е изненадувачки со оглед на тоа што за проектот „Бошков мост“, минатата недела немаше ниту еден заинтересиран понудувач.

Сепак и покрај навидум огромниот интерес, само четири компании се вистински инвеститори, истите оние кои се јавија и на претходниот тендер, а кој владата го поништи кон крајот на минатата година. Тоа се „Вербунд“ од Австрија и „РВЕ“ од Германија, „Енел“ од Италија и „Старткрафт“ од Норвешка. Другите учесници главно беа или трговски фирми, кои се занимаваат со трговија на електрична енергија, или консултанти, кои сакаа да ги слушнат условите за тендерот.
 
 
Прочитај повеќе

Скапа кампања со сомнителни пари

udripari 20.02.2009 Најголемата економска криза што го тресе светот очигледно ќе нема никакво влијание врз најголемите партии во земјава, кои во трката за што повеќе гласачи ќе може да потрошат повеќе од 10 милиони евра на претстојните претседателски и локални избори. Според новиот Изборен законик, секоја партија има право да потроши 180 денари по евидентиран гласач, што значи дека само за претседателските избори законски може да се потрошат околу 5,3 милиони евра. Оваа сума е двојно поголема, бидејќи на ист ден се одржуваат и локалните избори, за кои партиите исто така имаат право да потрошат по три евра од запишан избирач.

Како и досега, така и на овие избори ни ВМРО-ДПМНЕ ни СДСМ не сакаат да кажат колку пари ќе трошат во кампањата. Нивниот одговор е дека се' ќе биде во рамките на законски дозволената сума. Главното прашање на кое никој не сака да одговори е – од каде планираат да соберат толку пари, кога се знае дека партии се непрофитни здруженија.

 
Прочитај повеќе

Просечни во борбата со корупцијата, слаби со парите за кампањите

globalintegrity 18.02.2008 Со предзнакот „просечна држава во однос на корупцијата“ Македонија се најде на 24-то место од вкупно 57 држави, според светското истражување што во последниве месеци го правеше водечката американска невладина организација „Глобал интегрити“. Неколку стотици новинари и 100 истражувачи од матичните држави вчера го објавија конечниот извештај што се однесува на работата на владините институции и на реформите во борбата со организираниот криминал и корупцијата.

Општиот заклучок е дека речиси сите 57 држави што беа предмет на истражување имаат проблеми со регулирањето на парите што се вртат во политиката, односно финансирањето на политичките партии и на кандидатите.
 
Прочитај повеќе

Кампањите почнуваат со милиони евра

election2006
17.02.2009 Најмалку од еден до 1,6 милион евра ќе треба да платат партиите ако сакаат во 20-дневната кампања секојдневно да им се емитуваат дваесетдневните прилози од митинзите на некоја од националните телевизии. Пресметката произлегува од ценовниците за платено политичко огласување кои „А1“, „Сител“, „Телма“ и „Алсат-М“ ги доставиле до Советот за радиодифузија за да се почитува јавноста во трошењето на дозволените пари за изборите. Партиите, за локалните и претседателските избори, имаат право да потрошат околу 10 милиони евра, по пет за секои избори. Тоа е значително повеќе од цензусот од 1,7 милион евра што важеше за последните парламентарни избори, а беше зголемен со меѓупартиски договор.
 
 
Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец јануари 2009 г.

bistromatno 12.09,2009 Владините кампањи во 2007 година од 7,7 милиони евра, износ, што беше тајна за јавноста речиси две години е најматен настан за јануари во анкетата „Бистро – Матно“ со десет гласа.

Најбистро со 15 гласа е откривањето и казнувањето на државните службеници, кои злоупотребувајќи ја положбата не плаќале патарина.

Ова е оценката на 17 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.

 
Прочитај повеќе