Стразбур вели – ова е чекор назад

  councilofeurope

04.06.2008 Стразбур – Советот на Европа, кој имаше своја делегација набљудувачи, забележува дека изборите во Македонија се некомпатибилни со демократскиот процес. Притоа се жали поради тоа што значителен број од гласачите беа лишени од правото да ја изразат својата волја поради неодговорни, насилни и деструктивни дејства на двете главни албански партии. Парламентарното собрание на СЕ зборува за „организирано насилство, чија цел беше да го наруши изборниот процес“. Покрај насилството, во кое животот го загуби едно лице, на изборите фрлија дамка и бројните нерегуларности во истите овие подрачја, при што се споменуваат полнење на гласачките кутии и фалсификување на резултатите. Некои нерегуларности се забележани и во другите делови на земјата.


 

Прочитај повеќе

Судството доби преодна оцена од европските монитори

sudstvo 02.06.2008 Македонското судство, генерално, доби позитивна оцена од Европа. Во извештајот за судството на Европската мисија за оценување подготвен од Шпанецот Хорхе Еспина се наведува дека се спроведени голем број клучни реформи и се донесени соодветни закони, но наедно се укажува и на повеќе недостатоци во оваа област. Мониторингот е спроведен од 10 до 14 март годинава, кога неколкучлената европска делегација оствари повеќе посети на правосудни институции.

Уште во самиот почеток на извештајот, подготвувачот констатира дека европскиот судски сектор нема применливо законодавство да ја води земјата-кандидат и оти постои широка разновидност на системи за регулирање на институционалната структура на судството.Оттаму, Европската комисија секогаш сакала да ги насочи земјите со кандидатски и преткандидатски статус да ги применат системите кои се соодветни за нив.


 

Прочитај повеќе

Купување привилегии

corruption_happens23.05.2008 Прашањето на политичкиот консензус помеѓу политичките партии уште долго ќе биде проблем за реализација на стратешките интереси на државата. Да биде иронијата поголема, тој консензус ќе се пронајде точно таму каде што не треба. Во случајов станува збор за законските норми и технологијата на финансирањето на кампањите на политичките партии. Претпоставувам многумина се прашуваат колку ли чини оваа, деновиве актуелна, агресија врз вашите сетила која ве одвраќа од помислата да вклучите ТВ или да отворите весник. По консултациите кои ги направивме со експерти во оваа област, стасавме до бројка од барем три и пол милиони евра за кампања на политичка групација каква што деновиве ја следиме. Според оваа апроксимативна математика, во овие дваесетина дена ќе се потрошат, за македонски услови, астрономски 10 милиони евра. Од каде се тие пари? Од чии џебови доаѓаат? Ова се прашања на кои одговорите, во една нормална демократија, многу лесно ќе ги добиете, како од оние кои ги даваат, така и од оние кои ги добиваат. Но, кај нас не е така! Во двата изборни штаба на двете најголеми коалиции, ако ги прашате од каде се парите, барем они одговорните за комуникација со јавноста ќе ви речат дека тоа не е тајна, но дека одговорот се уште го немаат. Велат, ќе сме го добиеле кога ќе завршат изборите. Така беше и во минатиот изборен циклус, но одговор не добивме.

 

Прочитај повеќе

Стразбур експресно го прифати случајот Пауноски

european_court_of_human_rights 19.05.2008 Судот за човекови права во Стразбур експресно ја прифатил апликацијата на ексминистерот за одбрана Љубен Пауноски, со која тој на Судот му испратил факти за повреда на правото за правично судење, за правото на еднаквост на странките, за правото за докази и сведоци, за судење во разумен рок, факти за повреда на правото на семејна и приватна сигурност, повреда на правото на јавно изразување…
Пауноски, некогашниот министер во Владата на Љубчо Георгиевски од 1998 до 2002 година и член на највисокото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, првиот пат беше осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања и за наводна проневера на три милиони марки (милион и пол евра) и по автоматизам притворен. Судењето по одлука на Апелациониот суд во Скопје беше вратено кај истиот судија. Втората изречена затворска казна што ја потврди и второстепениот суд е за една и пол година помала.
 
Прочитај повеќе

Владата не го почитува сопствениот налог

vlada 20.05.2008 Владата не го почитува сопствениот налог за прекинување на сите кампањи во предизборието, што беа објавувани како поддршка на нејзината политика. Вчера во одделни медиуми одново се појавија реклами, со што падна во вода даденото ветување.Налогот за запирање на владините рекламни кампањи Владата го даде по сугестија на јавноста и заради почитување на принципите на фер изборна борба и најави мерки против маркетинг-агенциите што нема да се придржуваат до тоа. Но, министерот за правда завчера на две страници ги наброја подготвените и предложените закони на патот кон правосудство според европските критериуми. Настапот на „Глобтротерсите“ на свеченото отворање на спортската сала „Борис Трајковски, исто така се рекламираше со владиниот печат „остваруваме“. Агенцијата за спорт и млади на половина страница го рекламираше бесплатното делење на цедето во рамките на кампањата „Македонија засекогаш“.
 
Прочитај повеќе

Половина од поранешните пратеници не доставиле анкетни листови

 dksk-logo
14.05.2008 Шеесет и шест поранешни пратеници ги доставиле до антикорупциската комисија анкетните листови за имотната состојба. Сите функционери се должни да ги приложат анкетните листови по престанокот на својата функција. Ова не е конечниот број на поранешните пратеници што ја исполниле законскатата обврска бидејќи во наредните неколку дена се чека да стигнат и листовите испратени по пошта. Во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека нивните пратеници ја исполниле законската обврска и ги доставиле анкетните листови. Во ДПА и во ДУИ вчера не сакаа да коментираат.
 
Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец Април 2008 г.

bistromatno 11.05.2008 Високата парична казна што Основниот суд во Битола му ја изрече новинарот на Битолски весник, по обвинение за навреда на судија на апелациониот суд во Битола, е најматен настан во април.

Ова е оценка на 18 главни уредници во највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во месечната анкета „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.

На листата на бистри настани два предлога имаат по 9 гласови. Тоа се: најавата на Антикорупциската комисија дека ќе испитува за одлуката на Владата за 5.000 вработувања во јавната администрација, како акцијата на Сојузот на студентите во борба против корупција.

 
Прочитај повеќе

Известување до медиумите

Случај „NUMBER PORTABILITY,,

 

09.05.2008 Во месец јули 2007 година Комисијата за јавни набавки (КЈН) на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша отворен повик за набавка на софтвер за реализација на преносливост на броеви заедно со изворен код за одржување на системот и Централната база за пренесени броеви за реализација на преносливост на броеви и за функционални барања на системот за реализација на преносливост на броеви. Овој проект треба да им овозможи на граѓаните при промена на мобилниот или фиксниот оператор да  го задржат бројот и префиксот што го користат.

 

            Тендерот побуди интерес во јавноста од причина што Владата на РМ има обврски од потпишаниот договор со ,,Мобилко,, според кој имплементацијата на овој проект требаше да почне од 1 септември минатата година. По основа на потпишаниот договор компанијата може да бара отштета, а истата ќе се плаќа од буџетот на државата. Исто така, поеради ова и Европската Комисија за електронски комуникации и јавно ја обвини Република Македонија за одолговлекување на имплементацијата на проектот NUMBER PORTABILITY, со што ги остава во нерамноправна позиција новите оператори. Дополнителен негативен ефект од невоведувањето на овој систем се и скапите услуги на фиксната и мобилната телефонија.

Прочитај повеќе

Антикорупциска бара власта да не се расфрла со пари

dksknatpis 09.05.2008 Државната комисија за спречување корупција очекува власта да се воздржи од трошење средства во предизборниот период, за што досега се поведени 16 постапки кои се однесуваат на огласи за вработување и јавни набавки. Комисијата испратила писмо до Владата да се повлече огласот за стипендии за асистенти, а повела постапка за опремување на селските амбуланти и за најавените пет илјади вработувања.

„Државните органи не се учесници во изборите и не треба да се рекламираат во овој период. Затоа е важен член 14, од аспект на наведување на гласачите. Нивното ветување дека нешто ќе направат и ќе одвојат толку средства, макар и како морално почитување на режимот на антикорупциско однесување, е под наше дежурно внимание и треба да има воздршка“, изјави претседателката на Комисијата, Мирјана Димовска.


 

Прочитај повеќе

Се пумпа рејтинг со буџетски пари?

election2006 08.05.2008 Владините кампањи и спотови, со кои деновиве се бомбардира јавноста, како „Ти си Македонија“, кампањата за многудетно семејство, за бесплатни лекарски прегледи и „Образованието е сила“, претставуваат интензивна предизборна пропаганда со која владата собира предизборни поени. Со тоа директно се крши Законот за избори, оценуваат невладините организации за борба против корупцијата. Најпроблематично, според нив, е што ваквиот маркетинг на владата ќе продолжи да се форсира и во екот на предизборната кампања. Освен кампањите, речиси секое министерство преку реклами се фали за сработеното и преку платени огласи ги советува граѓаните. Така, на пример, Министерството за финансии објави оглас во кој на граѓаните им дава совети за предностите и недостатоците на купување автомобил на кредит или на лизинг.

 

Прочитај повеќе