Конференција за борба против корупција за предизвиците за проширувањето на ЕУ и соседните земји
08.06.2009 На 15-06-2009 година Владата на Република Македонија и Министерството за правда во соработка со Transparency International (TI) и Транспарентност Нулта Корупција, ќе ја организира шестата годишна регионална средба на Европа и Централна Азија – Конференција за борба против корупција во врска со предизвиците за проширувањето на ЕУ и соседните земји, што ќе се одржи во Охрид, Република Македонија.
На јавното отворање на Конференцијата ќе се прикажат иновативни гледишта за некои од најголемите предизвици со кои се соочува процесот на проширување на Европската Унија и соседните земји, вклучувајќи предизвици како реформи за пристапување кон ЕУ и борба против корупција, корупција и економски развој, перење на пари и рај за даночни обврзници.

