Брисел контра оцените на „Транспарентност“ за корупцијата

27.10.2010 Брисел Претседателот на Транспарентност – Нулта корупција, проф. д-р Слаѓана Тасева на покана на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент престојува во официјална посета на Брисел. Според утврдената агенда, денес професор д-р Тасева во Европскиот Парламент ќе има своја презентација на тема „Корупцијата во Западен Балкан – краток преглед на регионот и Република Македонија“.
fighting_corruption_in_wb 148.56 Kb
anti-corruption_in_the_western_balkans 205.03 Kb
26.10.2010 „Транспаренси интернешнл“ годинава ја рангира Македонија на 62. место според индексот на перцепција на корупцијата со 4,1 индексен поен, што е подобрување за девет позиции од лани кога беше 71. со 3,8 индексни поени.
– Македонија постојано бележи подобрување во индексот на перцепција, но се уште е во групата на земјите со индексни поени под пет и има уште многу работа за да се постигне подобра перцепција, оцени на прес-конференција Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност нулта корупција.
Годинашното 62. место Македонија го дели со Хрватска, Гана, Самоа. На листата на „Транспаренси интернешнл“ за 2010 година, од земјите во регионот, подобро рангирана од Македонија е Турција на 56. место, а послабо Црна Гора на 69. место со 3,7 индексни поени, Србија на 78. со 3,5, Албанија на 88. со 3,3, Босна и Херцеговина на 91 со 3,2 индексни поени. Косово, кое е првпат вклучено во истражувањето што опфати вкупно 178 држави, е на 110. позиција на листата со 2,8 индексни поени.
Берлин 26ти октомври – Владите вложуваат огромни суми за да се справат со најголемите проблеми во светот, поради нестабилност на финансискиот пазар, климатски промени и сиромаштија, но сепак се соочуваат со корупцијата како пречка за постигнување на потребниот прогрес, според Индексот на перцепција на корупцијата (CPI) 2010 на Transparency International (TI), со кој се мери корупцијата во домашниот јавен сектор, а е објавен денес.
Индексот на перцепција на корупцијата за 2010 покажува дека приближно три четвртини од 178 земји во резултатите на индексот се под 5, на скала од 0 ( се сметаат за високо коруптивни) до 10 (се сметаат за земји кои имаат ниско ниво на корупција), што укажува на сериозни проблеми со корупцијата.
cpi_2010-presentation 239.57 Kb
macedonia_ranking_cpi_1999-_2010 36.04 Kb
metodologija_na_cpi_2010 78.01 Kb
ti_cpi_najcesto_postavuvani_prasanja 175.28 Kb
cpi2010_sources_2010-11-04 238.50 Kb
25.10.2010 Невладината организација "Транспарентност – нулта корупција" на ден 26.10.2009 (вторник) ќе одржи прес- конференција во НВО Инфо Центар (ул. Никола Тримпаре бр. 18-1/5), сопочеток во 10 часот. На прес-конференцијата ќе се презентираат резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2010година кој што го објавува глобалната коалиција за борба против корупцијата – TransparencyInternational. …
22.10.2010 Македонската влада се уште во тајност ги чува податоците за тоа колку пари беа потрошени од буџетот за рекламната кампања Инвестирај во Македонија-новиот бизнис рај во Европа. Слоганот се појави во 50 водечки весници и списанија во 35 земји, а видео спотот беше промовиран на светските телевизиски куќи. Слаѓана Тасева од Транспарентност Нулта корупција вели дека според законот сумите кои ќе бидат издвоени од народната каса треба да бидат познати и објавени уште пред да бидат потрошени.
Во некои ценовници кои се валидни да речеме 30 секунден спот на CNN би чинело 5 илјади долари во некои термини кои што да кажеме не се толку атрактивни, па дури до 30 илјади долари во атрактивни термини.
,,Ниту тоа не е направено согласно сите закони и регулативата како што предвидува однапред да се знае колку ќе се потроши, да се види колку се потрошило ако било дадено повеќе или помалку и на кој начин и на крајот резултатите од тоа за да може да се планира за следната година."
22.10.2010 Корупцијата и понатаму е многу раширена на просторот на Западниот Балкан. И покрај напредокот што го направиле одделни земји во сузбивање на оваа појава, пред се со воспоставување на адекватни институции и усвојување антикоруптивни закони, се стекнува впечаток дека основна пречка е недостатокот на политичка волја да им се овозможи на тие институции, непречена работа и спроведување на законите во секојдневниот живот.
Ова беше заклучено на регионалната конференција „Улогата на невладините организации во борбата против корупцијата – искуства и перспективи “, што се одржа во Белград на 19 Октомври.
Слаѓана Тасева од Транспарентност нулта корупција истакна дека Србија и Македонија се приближно на исто ниво кога станува збор за индексот на перцепција на корупцијата, и дека резултатите од истражувањето не се вистински одраз на состојбите со оглед на она што се случува во државата на планот на борбата против корупцијата.
„Критични сме и велиме дека сме подобро позиционирани во однос на вистинската состојба во државата“, рече Тасева и додаде дека резултатите не го одразуваат секојдневниот живот и состојбите со кои се соочуваат граѓаните.
Експертите потенцираа дека најтежок облик на корупција е онаа во која се заробени политичките партии. Ако партиите се корумпирани, корумпирана е и самата држава, со што се загрозува процесот на носење важни државни одлуки. Тие сметаат дека на Македонија и’ претстои голема опасност зашто партиите не ги почитуваат одредбите од Изборниот и од Законот за финансирањето на политичките партии.
15.11.2010 Борбата против корупцијата како интергративна спрега од домашните и меѓународните активности е тема на регионалната конференција сто предпладнево почна во Охрид, во рамките на македонското претседателство, со комитетот на министри на Советот на Европа.
Конференцијата со седумдесетина учесници од 12 држави и министрите за правда од Македонија, Албанија, Хрватска и Црна Гора, треба да пвпзможи демонстрирање на резулаттите во борбата против корупцијата, со фокус на конфискацијата како една од мерките за справување со овој вид на криминал, меѓународните стандарди и нивната имплементација во националните законодавства.