Соопштение за јавноста

logo_mkd_jpg 

06.05.2007 Невладината организација "Нулта корупција" го изразува своето решително несогласување со предлогот на Владата за донесување нова законска регулатива, со која Советот за радиодифузија и агенцијата за електронски комуникации како независни регулаторни тела да се укинат и да се воведува единствено тело – Агенциија за електронски комуникации, радиодифузија и пошти – со што се прави чекор назад во демократизацијата на македонското општество.          

Постојните закони се донесени со опсежна експертиза на Европската унија и нејзина позитивна оценка условена од нивното доследно имплементирање. Тој факт го налага заклучокот дека секое менување и намера за унапредување на постојните закони треба да се прави во склад со темпото на промените во европската легислатива. Еден од аргументите на Европската унија во поддршката на овие закони е дека постоењето на двете регулаторни тела како независни овозможува полесно наметнување на обврските за транспарентност и контрола на работењето.

Прочитај повеќе

ДЗР утврдил расфрлање со парите на граѓаните

assembly 

04.05.2007 Најмалку 75 милиони евра ненаменски и спротивно на законите потрошиле во текот на 2004 и 2005 година Собранието, повеќе јавни претпријатија, здравствени центри, општини и други буџетски корисници, утврдиле ревизорите во Државниот завод за ревизија по контролите извршени во минатата година. Парите на граѓаните без посебни критериуми се делеле за исплата на повисоки плати од пропишаните, за надоместоци врз основа на договор на дело, хранарина и на работи што воопшто не биле планирани во рамките на внатрешните буџети на институциите.


Само во 2005 година, ненаменски биле потрошени околу 72 милиони евра. Во 40 ревизорски извештаи било утврдено дека спротивно на законот за извршени услуги по договори на дело биле потрошени повеќе од 2 милиони евра. Во истите извештаи се покажало дека безмалку 200.000 евра биле исплатени без воопшто да се склучат договори или пак над договорениот лимит. Контролите покажале дека истата година околу 1,4 милиони евра биле потрошени за неоснована исплата на плати и надоместоци. Од нив, само Собранието незаконски исплатило повеќе од 100.00 евра на пратеници што подолг период не присуствувале на работата во парламентот и дури околу 400.000 евра за надоместок за вршење на функцијата пратеник иако овој надоместок бил укинат во јуни 2005 година. Субјектите што ги контролирале во ДЗР, преклани потрошиле повеќе од 57 милиони евра кои не биле предвидени во нивните буџети. Само Фондот за здравствено осигурување потрошил околу 50 милиони евра. 

Прочитај повеќе

Медиумите и политиката во блиски односи

mediumi 

03.05.2007 Македонија е оценета како земја во која има делумна слобода на медиумите, а со таа оценка се согласуваат и некои главни уредници на медиуми во земјава 

Во Македонија има делумна слобода на медиумите. Правниот систем во земјата главно ги содржи основните права за заштита на слободата на медиумите и изразувањето, а владините претставници генерално ги почитуваат овие права.

Сепак, голем број државни и приватни медиуми во Македонија имаат блиски односи со политичари и со бизнисмени, кои ги пласираат своите интереси преку нив, а државните медиуми имаат тенденција да ги поддржуваат владините позиции. Ова е оценката за Македонија во последниот извештај на организацијата „Фридом хаус“ со седиште во Вашингтон, објавен по повод 3 Мај – Денот на слободата на медиумите.

Македонија годинава е рангирана на 98. место, со Босна и Херцеговина, од вкупно 195 земји, кои се оценуваат според правната, политичката и економската рамка. Слободни медиуми се тие што собрале од 0 до 30 поени, делумно слободни од 31 до 60, а неслободни од 61 до 100 поени. Македонија доби 45 поени и од земјите во регионов зад неа се само Албанија и Турција.

Прочитај повеќе

Најмногу бараат информации од Министерства и Општини

plakatpi 

26.04.2007 Најмногу барања за пристап до информациите од јавен карактер македонските граѓани поднеле до Министерствата за труд и социјална политика, за одбрана и за внатрешни работи.

Ова денеска го соопшти претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Јанко Николовски, на прес конференција по повод одбележувањето на годишнината на оваа Комисија.

Николовски посочи дека информациите што македонските граѓани ги бараат најчесто се од личен или од финансиски карактер, додавајќи дека голем е бројот на граѓани кои бараат пристап до информации и од Општините.

Тој се пожали на недоволна информираност и знаење за оваа проблематика кај граѓаните, но и кај имателите на информациите, и додаде дека дел од институциите не се кадровски доволно опремени. 

Прочитај повеќе

Имотот не го пријавиле 33 функционери

dksknatpis 

26.04.2007 Државната антикорупциска комисија најави дека ќе поднесе барања за поведување на прекршочни постапки против бројни именувани функционери.

Станува збор за вкупно 33 актуелни носители на јавни функции кои го прекршиле Законот за спречување на корупција, со тоа што не го пријавиле својот имот во рок од 30 дена по превземањето на функцијата. 

Прочитај повеќе

Степенот на корупција во Македонија и натаму висок

ws2504one 

25.04.2007 Степенот на корупција во Македонија и понатаму е висок, а за таквата ситуација најмногу придонесува зависноста и неефикасноста на судовите.

Ова на денешната работилница на „Нулта корупција“ го изјави координаторот од централата на „Транспаренси интернешнл“ во Берлин, Јана Митермаер, која престојува во мониторинг мисија на невладините организации во државава.

„Корупцијата е сериозен проблем во Македонија, што значи дека борбата против оваа појава треба да продолжи“, рече Митермаер, притоа изразувајќи подршка за работата на „Нулта корупција“.
ws2504one2
Изјавата на претставничката на „Транспаренси интернешнл“ за југоисточна Европа и Азија, позитивно ја оцени претседателката на Програмскиот совет на „Нулта корупција“ Слаѓана Тасева, изразувајќи надеж дека организацијата во најскоро иднина повторно ќе се врати во рамките на „Транспаренси интернешнл“.

Учесниците на денешната работилница посветена на корупцијата во приватниот и јавниот сектор, како најголем проблем ја посочија корупцијата при јавните набавки. 

„Од спроведените ревизорски извештаи се заклучува дека Македонија е богата држава, но, проблемот е што парите се трошат нерационално“, изјави главниот државен ревизор Драгољуб Арсовски, посочувајќи дека најранлива област се јавните набавки во здравството.

Прочитај повеќе

Разрешен гостиварскиот судија кој кинеше пресуди

sudskisovet 

20.04.2007 Судскиот совет на вчерашната седница го разреши Неџат Мемеди, судија од Основниот суд во Гостивар поради утврдена одговорност во неговото рботење. Тој ја скинал пресудата донесена од друг судија од истиот суд и напишал нова во која одлучил да му го врати возилото на неговиот пријател, кое претходно било одзедено во судска постапка со пресуда. За постапката на судијата веќе е покрената кривична и дисциплинска постапка. Ќе одговара за злоупотреба на службената положба и уништување на јавни исправи. Судскиот совет вчера донел одлука за негово разрешување откако тоа го побарале судовите за да можат да поведат судска постапка против него. За кривичната одговорност на гостиварскиот судија Мемеди ќе одлучува Основниот суд Скопје 1. Ваква одлука неодамна донесе Апелациониот суд во Скопје. Тој реши ја префрли надлежноста во скопска единица затоа што станува збор за судија од Гостивар и не може да му судат во судии колеги во судот во кој работел.

 

Инаку, возилото на жител на Гостивар му било одземено по поднесена пријава од страна на полицијата за сторен царински прекршок. Судија за прекршоци од гостиварскиот суд го одзел возилото, но Мемеди за да му помогне на неговиот пријател отишол во судското одделение, го зел веќе пресудениот предмет и си напишал нова пресуда. 

Прочитај повеќе

ЕУ нема да ги цени само законите,туку и имплементација

vaga 

19.04.2007 Дали замислата на реформите во судството е правдата да им стане недостапна на граѓаните, тие да прават непотребни трошоци и да мора да патуваат и по стотина километри за да дојдат до судовите? Дали треба дополнително да ги оптоваруваме оние судови кои и без тоа се многу неажурни, а другите кои се квалитетни, ефикасни и свртени кон Европа да ги претвораме во селски судови? Овие дилеми јавно ги поставија првите луѓе на основните судови во Кавадарци, Гевгелија, Кичево и Крива Паланка, кои се иницијатори на законските измени на враќање на проширената надлежност на овие судови. Коментарот на Министерството за правда беше дека овој проект е направен за време на претходната влада, но се' уште е рано да се прават корекции на Законот за судови, бидејќи од имплементацијата се поминати едвај три месеци.

Надлежноста на судовите предвидена со новиот Закон за судовите, нивното работење и подготовка на извештаи, како и менаџирањето, транспарентноста, ефикасноста и ажурноста на судовите, беа темите на вчерашната тркалезна маса организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Тригодишниот проект, како што истакна Владимир Милчин од ФИООМ, спроведува анализа на потенцијалот за добро владеење во економијата, локалната самоуправа, образованието, социјалните прашања, мониторингот на менаџментот на јавните пари.  

Прочитај повеќе

Владата предлага Закон за спречување судир на интерес

plakat_sud 

12.04.2007 Предлог Закон за спречување на судир на интереси при вршење на службената должност донесе Владата на својата последна седница одржана синоќа.

Ова на денешната прес конференција го соопшти владиниот портпарол Ивица Боцевски, додавајќи дека надлежен орган за спроведување на овој Закон би била Државната комисија за спречување на корупцијата, која ќе превзема и соодветни мерки.

Проширена е листата на блиски лица, кои се дефинираат со новиот Закон, како лица со кои вработениот не смее да има иста интересна сфера. Во неа се опфатени сите крвни роднини до четврто колено, сватови до второ колено, како и лице со кое се живее во вонбрачна заедница.

Износот на подароци кои смее да ги прими вработено лице е ограничен на 50 евра во службена противвредност, при што забрането е да се примаат книжени пари, хартии од вредност, како и златни кованици, накит и слично.

Прочитај повеќе

Вкупно 44 години затвор за обвинетите во аферата Бачило

sudskopje

12.04.2007 Вкупно 44 години казна затвор пресуди денеска Судскиот совет од Основниот суд Скопје 2 со кој претседаваше судијката Лилјана Ивановска-Шопова за 21 обвинети за случајот „Бачило“.

Највисока казна затвор од 14 години доби првообвинетиот, нотарот Никола Стојменовиќ, додека овчарот Иснифарис Џемаили е осуден на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци.

Тригодишна затворска казна им е изречена на адвокатката Ленче Димчевска, пензионерот Ордан Милановски, поранешениот заменик министер за економија Саша Андоновски, поранешната раководителка во Катастарот Емилија Алексовска и нотарите Гордана Ракочевиќ и Михаил Ќосев.

Прочитај повеќе