Системски против корупцијата во администрацијата

 
 

coins.jpg

 
19.11.2012 Бројот на граѓани што сметаат дека корупцијата во јавната администрација е намалена за разлика од пред четири години е нешто поголем од бројот на оние што мислат дека корупцијата е зголемена, покажува истражувањето на ОБСЕ, Државната комисија за спречување на корупција и Транспаренси интернејшнал.
 Јавното мислење во Македонија е поделено во однос на успехот во борбата против корупцијата во јавната администрација. Ова е заклучокот од истражувањето на ОБСЕ, Државната комисија за спречување на корупција и Транспаренси интернејшнал. Според извештајот, бројот на граѓани што сметаат дека корупцијата во јавната администрација е намалена за разлика од пред четири години е нешто поголем од бројот на оние што мислат дека корупцијата е зголемена. Најголем дел од нив сметаат дека корупцијата е најмногу распространета на централно ниво и при склучување на големи зделки. 
 
Прочитај повеќе

Антикорупциска не ја контролира актуелната власт

dksknatpis.jpg 15.11.2012 Граѓаните стекнаа доверба во Антикорупциската комисија, за потоа, со промената на членовите, да се направи упад во независноста, критикува првата претседателка на комисијата Слаѓана Тасева.

Дури и јас лично ги работев и случајот Фершпед и случајот Бачило, од кои едниот имаше судска завршница, а другиот гледаме дека сè уште служи како паричка за поткусурување на нашиот искорумпиран политички пазар и медиумски во случајов. Немаме нешто со што би можеле сериозно да се пофалиме како резултат од работата на комисијата дека завршила со судска разрешница.Слаѓана Тасева, прв претседател на Антикорупциската комисија  .

 

 

Прочитај повеќе

Во ДКСК треба да работат стручни луѓе

 

dksk_6.jpg

Скопје, 12 ноември – Државната комисија за спречување на корупцијата да не се користи за дневнополитички цели, да ја задржи својата независност и да се врати на стручност, порачаа нејзините поранешни претседатели и членови на прославата по повод 10-годишното постоење на Комисијата. 

„Мислам дека остана Комисијата анонимна. Јас не ја чувствувам. Ни во медиумите не може да се најде некој случај за кој зборува јавноста, а Комисијата презела мерки и поднела иницијатива до надлежниот орган за процесуирање на случајот. Се обидувам да најдам, но не можам да се сетам на нешто во последниот случај", рече Јован Трпеновски, поранешен претседател на ДКСК, кој рече дека Комисијата треба да се сврти на случаите на непотизам и исполаризираност, каде може да делува. Рече дека во првиот состав на Комисијата во која тој членувал сами си создавале работа.
 

Прочитај повеќе

Конференција за системот на интегритет и антикорупциските превентивни политики

 

osbe_6.jpg

07.11.2012 На Регионалната конференција посветена на концептот на интегритет и антикорупциските превентивни политики што вечерва започна со работа во Охрид учествуваат експерти и претставници на антикорупциските тела од регонот, на меѓународни организации, на надлежни национални и локални институции и на граѓанскиот сектор.

На средбата ќе бидат презентирани различните законски модели на концептот на интегритет во Србија, Романија, Молдавија и Словенија, разменети информации и искуства, сето во насока на утврдување на моделот што ќе биде спроведен од страна на институциите во Македонија задолжени со спроведување на тој концепт во наредниот период.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Љубинка Корабоска, нагласи дека системот на интегритет на јавната администрација претставува рамка која во себе ги опфаќа елементите на превенција на корупцијата и унапредување на доброто владеење.

Прочитај повеќе

Од 07-10 Ноември во Бразилиа ќе се одржи најголемата светска Конференција за борба против корупција

 

 

ti.jpg

Биеналето на Интернационална Конференција за борба против корупција, во своето 15-то издание, ќе се одржи од  7 -10 ноември во Бразилија. Водечките експерти од најразлични дисциплини и области поврзани со борбата против корупцијата ќе разговараат во над 50 работилници и пленарни сесии за изнаоѓање на најдобриот начин за борба против корупцијата во пет клучни области: ставање крај на неказнивоста, клима на чисто управување, спречување на недозволени финансиски трансакции, политичките транзиции кои водат  кон стабилна и транспарентна власт и чисти спортови. Четиридневниот настан ќе биде отворен  од страна на Претседателот на Бразил, Дилма Русеф.

Прочитај повеќе

ТИ-Македонија денес отвори трета ALAC канцеларија во Штип

 

p1000264_-_copy.jpg

 
5.11.2012 Од денес во Штип започна да работи третата канцеларија на ТИ-Македонија во која ќе фукционира Центарот за совети и правна помош  (ALAC). 

Оваа канцеларија со канцеларијата во Тетово која беше отворена на 15.10.2012 се имплементира од страна на ТИ-Македонија додека финансиски е подржана од Амбасадата на Кралството Холандија. Првата  ALAC канцеларија беше отворена од страна на ТИ-Македонија во далечната 2003 година во Скопје.  Идејата да се има Центар за совети и правни помош  има за цел активно вклучување на  граѓаните во борбата против корупцијата, во изминатите 10 години се прошир во над 50 земји во светот.

 
 
 
Прочитај повеќе

Покана до медиуми

ti-m_-_2012.jpg

05.11.2012 година (понеделник) во 12:00 часот во Штип, Транспаренси Интернешнл – Македонија ќе одржи прес конференција по повод отворањето на канцеларија на Центар за совети и правна помош (ЦСПП) на граѓаните во градот Штип. Канцеларијата која се наоѓа во Штип на адреса „Тошо Арсов“ бр.35, трети кат, работи со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија. На настанот ќе биде присутна НЕ г-ѓа Мариет Шурман (Marriët Schuurman) Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија.
Прочитај повеќе

ДЗР ќе бара да не ги контролира политичките партии

_.jpg

25.10.2012 И додека најважната измена на законот за финансирање на политичките партии налага Државниот завод за ревизија да мора да врши редовна контрола на партиските пари, македонските ревизори ќе бараат независна ревизорска куќа да ја врши оваа работа.

Минатата година од 55 регистрирани политички партии Заводот прочешлал само 10, а во годинашната програма за работа, воопшто не е предвидена ревизија на циркулирањето на парите на некоја партија
 
 
Прочитај повеќе

Пријави Корупција достапна и како Андроид апликација на албански јазик

prijavikorupcija.jpg
 
22.10.2012 Проектот „Пријави Корупција“ кој е имплементиран од страна на организациите Транспаренси Интернешнл – Македонија и Центар за меѓународни односи од Вашингтон покрај веќе постоечките апликации на македонски и англиски јазик, ја доби и својата мобилна апликација за Андроид на албански јазик.

Апликацијата им дозволува на корисниците да ги пријават случаите на корупција, да селектираат категории, локација или пак да ги листаат веќе поставените пријави кои се прикачени на оваа страна.

Оваа апликација  е прва од ваков вид на Балканот, но и во Европа. Пријавите се  проверуваат од тимот кои работи позади овој проект, а верификуваните ќе бидат поставени на веб сајтот www.prijavikorupcija.org , како и автоматски на оваа апликација.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

ТИ-Македонија денес отвори канцеларија во Тетово каде ќе функционира Центар за совети и правна помош

press15102012.jpg 15.10.2012 Од денес во Тетово започна да работи канцеларија на Транспаренси Интернешнл -Македонија во која ќе функционира Центар за совети и правна помош на. Во канцеларијата лично, преку телефонско јавување или електронска пошта граѓаните ќе добијат правни совети за случаите поврзани со корупција. Канцеларијата обезбедува правни совети и прима претставки кои се поврзани со корупција, а се со цел да се идентификува структурна, институционална и правна слабост.

На тој начин, тетовци ќе имаат можност да го споделат своето искуство и да кажат на другите за да на тој начин се прошири борбата против корупцијата.

 
 
 
 
 
 
Прочитај повеќе