Тркалезна маса за слабостите во оценувањето на знаењето на учениците

rt24092008.jsp

24.09.2008 Како да се изгради квалитетен систем на оценување на учениците со кој ќе се искоренат фиктивните оценки несоодветни на реалното знаење и вештини. Оваа негативна појава во македонскиот образовен систем е во тесна врска со корупцијата зашто истражувањата потврдуваат дека има случаи на купување високи оценки.

„Транспарентност – нулта корупција“ за овој проблем денеска организираше тркалезна маса на тема „Начин на следење, проверување и оценување“, на која претседателката  Слаѓана Тасева посочи дека сите чинители вклучени во воспитно-образовниот сиситем, учениците,  наставниците и родителите, треба да имаат изграден интегритет – норми и култура на однесување и етика, кои се критериуми за вистинска проверка и оценка на знаењето.

 

Прочитај повеќе

Индекс на перцепција на корупцијата 2008

Постојаната висока корупција во земјите со низок приход достигнува до “постојана хуманитарна катастрофа“

 

Берлин, 23 Септември 2008 – Со земји како што е Сомалија и Ирак помеѓу оние што го покажуваат највисокиот степен на перцепирана корупција, Transparency International (TI) Индекс на Перцепција на Корупцијата (ИПК) за 2008 година, промовиран денес, ја истакнува фаталната поврзаност помеѓу сиромаштијата, неуспехот на институциите и подмитувањето. Но други значајни поместување надолу  во Индексот за 2008 кој индицира дека јачината на надзорните механизми е исто така под ризик помеѓу најбогатите држави.

 

pdf ИПК2008_табела 48.45 Kb

 pdf Методологија_на_ИПК2008 109.08 Kb

 pdf ИПК_најчесто_поставувани_прашања 165.54 Kb

 pdf ИПК2008_извори 69.28 Kb

 

 

 

Прочитај повеќе

Покана до медиумите

22.09.2008 Невладината организација "Транспарентност – нулта корупција", контакт членка на Transparency International, на ден 23.09.2007 (вторник) ќе одржи прес- конференција во Хотелот Континентал (казино сала), со почеток во 10 часот.   На прес- конференцијата ќе се презентираат  резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2008 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба…

Прочитај повеќе

Политичките критериуми најслаба точка

 ec

20.09.2008 Македонија бележи напредок во спроведување некои од реформите неопходни за интеграција во ЕУ, но мора да работи уште на политичките критериуми, оцени Петтиот комитет за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ. Претставниците на Европската комисија, предводени од Пјер Мирел, директор во Директоратот за проширување, најмногу забелешки имаа за функционирањето на политичките институции, за начинот на кој беа спроведени изборите, како и за донесувањето закони со итна постапка во Собранието.

 

Прочитај повеќе

Нема кој да ја сотре изборната корупција

election2006

 20.09.2008 Останува тајна кој ги финансираше кампањите на политичарите за време на вонредната изборна трка. Со тенки извештаи, кои повеќе личат на сметки од бакалница, а не и на сериозен отчет, партиите јасно ставаат на знаење дека не дозволуваат влез во трага на парите. Наспроти законската обврска, во последните два изборни циклуса, 2006 и 2008, политичарите ги кријат спонзорите кои плаќаат за спектакуларни митинзи, скапи телевизиски спотови, рекламен материјал, маркетинг-агенции…


Јавноста останува без одговори кој, како и зошто инвестира во избори. Невладините тела редовно повторуваат колку е важна отвореноста. На ова потсетуваат и ОБСЕ/ОДИХР за кои молчаливоста на учесниците во изборната трка е недозволива.

 

Прочитај повеќе

Македонија седумдесет и прва на листата Doing Bussiness

doing_business_2008 10.09.2008 Македонија е рангирана на 71 место на листата “Doing Bussiness” на Светската банка за 2009 година, што е за осум скалила подобро во однос на минатата година.Македонија, според извештајот, го подобрила бизнис опкружувањето со новиот закон за заштита на податоци, со воведување на системот за електронска распределба на случаи во судовите, како и со активирање на трговскиот суд.


Исто така се нагласува дека данокот на добивка е намален на 10 насто од почетокот на 2008 година, а реформата на Катастарот го намалила времето за регистрирање на имот од 98 на 66 денови.

 

 

Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец август 2008

bistromatno 10.09.2008 Донесувањето на измените на Законот за енергетика, дури во трет обид, и пречекорувањето на политичките партии на лимитите за финансирање на кампањите се, речиси рамноправно, најматни настани во август.

Ова е оценка на 17 главни уредници во највлијателните печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.

Според гласањето, најбистар настан, е поднесување на кривична пријава против вработен во Фондот за здравствено осигурување, обвинет за измама.

 

Прочитај повеќе

Известување до медиумите

kmno0409200805.09.2005 На иницијатива на “Транспарентност – Нулта корупција, во рамките на проектот Култура на законот наспроти корупцијата 2008” на ден 04.09.2008 г. е основана КОАЛИЦИЈА МАКЕДОНИЈА НУЛТА КОРУПЦИЈА. Членови на оваа Коалиција се 18 невладини организации од целата територија на Република Македонија, кои исклучиво се занимаваат со унапредување на демократските процеси на земјата.                                                                                                                                                                                                                                                      Коалицијата има за  цел да се зајакне граѓанскиот сектор во делот на борба и превентива против корупцијата, развивање на системот на добро владеење на локално ниво, создавање на поволен амбиент за економски развој и квалитетни странски инвестиции, зајакнување на капацитетите на антикорупциското делување на граѓанското општество, остварување на соработка со соодветни ислични организации во регионот, како и подобрување на животот на граѓаните.  

Прочитај повеќе

Законот за енергетика може да ја чини државата стотици милиони евра

energetika 19.08.2008 Дали на Владата ќе и' се случи ОКТА по втор пат? Измените во Законот за енергетика, кои неделава треба по трет пат да се изгласаат во Собранието, можат да ја чинат државата повеќе стотици милиони евра. Како што дознаваме неофицијално, ЕВН-ЕСМ најверојатно ќе ја тужи Владата пред меѓународните судови поради измените кои ќе и' донесат финансиска штета на компанијата. Според наши извори, ЕВН-ЕСМ не седи со скрстени раце, подготовките за тужба се во тек, се чека само измените да бидат објавени во „Службен весник“ за да може потоа официјално да се реагира. Главниот адут на компанијата ќе биде прекршувањето на Договорот меѓу Македонија и Австрија за поттикнување на инвестициите, склучен во 2002 година. Бидејќи со законските измени се менуваат условите за стопанисување, што ќе и' донесе на компанијата загуби, наместо профит. Според некои пресметки , признавањето само на 11 отсто од загубите ќе и' донесе на компанијата загуби од околу 20 милиони евра годишно. На ова од ЕВН-ЕСМ предупредија уште лани есента, кога беа донесени законските измени.
 
Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец јули 2008

bistromatno 10.08.2008 Политизација на правото и борбата против корупција во случајот „Глобал" е најматен настан во јули, додека најбистри се апсењето на инспектори за примање поткуп и антикорупциските мерки во образованието".

Ова е оценка на 14 главни уредници во највлијателните печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.

 
Прочитај повеќе