Финансиски извештаи до ДИК доставиле 14 партии
08.06.2011 Од вкупно 18 политички партии, 14 доставиле финансиски извештаи до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), каде треба да ги прикажат приходите и расходите на жиро сметката за втората половина од изборната кампања.
Финансиски извештаи не доставиле Обединети за Македонија, ВМРО–Народна партија, ПДП и СДПМ, при што, против нив спред Изборниот законик ќе биде поднесена прекршочна пријава која предвидува глоба од 4.000 до 5.000 евра.





