Несогласување со законските предлози за воведување на заштита на whistleblowers во Македонија

whistleblower.jpg 06.02.2014 Транспаренси Интернешнл- Македонија во неколку наврати и укажа  на надлежните институции дека постои неопходна потреба од нормативна заштита на пријавувачите на корупција со цел граѓаните да се охрабрат и да придонесат кон осветлување на коруптивни практики, кои треба да бидат забележани и документирани за во иднина да бидат елиминирани. Владата го стави овој закон во програмата за 2013 година, поради што на крајот на годината и потсетивме дека рокот е поминат.
Покрај ова, Транспаренси Интернешнел Македонија, како членка на престижната меѓународна организација Transparency International, во повеќе наврати понуди помош за подготовка на законско решение, пред се имајќи го предвид долгогодишното искуство на организацијата за работа во оваа област. Оваа понуда за соработка не беше прифатена и спротивно на принципите за отвореност и соработка во подготовка на законите кои се во интерес на граѓаните, организацијата не беше повикана да учествува во подготовката на Нацртот кој од 30.12.2013 е предмет на јавна расправа.    
Министерството за правда на Република Македонија подготви Нацрт текстот за Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупција кој беше објавен на 30.12.2013 година, со кој покрај другото, се воведува и систем на заштита на whistleblowers, во рамки на кој и целата постапка се става во надлежност на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

ТИ-Македонија се произнесе со мислење и сугестии во врска со Нацрт текстот за Предлогот кој е понуден за јавна расправа и за која смета дека има длабоки недостатоци кои треба да бидат целосно преиспитани. (Целиот текст со забелешките и коментарите кој е испратен до Министерството за правда на 06.02.2014 можете да го преземете во PDF формат.)

 

 
 
 
Прочитај повеќе

Како од Македонија се стига до рајот на даночните раеви?

24.01.2014 Како се одлеваат македонски пари на овие дестинации и кои се инвеститорите од овие егзотични места во Македонија?

Петар Гошев поранешен гувернер на НБМ и новинарката Ида Протугер ги коментираат информациите на НОВА за тоа кои Македонци отвораат фирми и сметки во даночните раеви.
 
 

 

Прочитај повеќе

Фридом хаус: Македонија делумно слободна

freedomhouse.jpg 23.01.2014 Во најновиот извештај на Фридом хаус се оценува состојбата со слободата во 195 земји и 14 територии во текот на минатата година. Секоја од нив добива оценки во две категории: политички права и граѓански слободи. Највисоката е единица, а најслабата е седумка. Македонија и годинава за двете категории е оценета со тројка.
Од регионот во истата група на делумно слободни уште се и Босна и Херцеговина и Косово, додека Србија, Црна Гора и Хрватска се наоѓаат во групата на слободни земји.
Всушност, како што се наведува во извештајот, повеќето европски земји покажуваат висок степен на почитување на демократските стандарди и граѓанските слободи и покрај тоа што некои од нив се соочуваат со растечки национализам како одговор на бранот имигранти.
Сепак, во Европската унија лани не бил забележан пад на оценките.
 
 
Прочитај повеќе

Апсењето на Кондоминас ќе ја воскресне истрагата за „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“?

magyar_telekom.jpg 16.01.2014 Апсењето на бизнисменот Димитрис Кондоминас во Грција треба да ја „воскресне“ истрагата за подзаборавениот случај „Маѓар Телеком“ во Македонија, смета претседателката на „Транспаренси Интернешнл Македонија“, Слаѓана Тасева. Таа најави дека како организација до грчкото јавно обвинителство ќе ги достават сите документи со кои располагаат за вмешаноста на Кондоминас во аферата „Маѓар Телеком“.

– Тој во случајот кој ние го обелоденивме ги ставил на располагање своите компании со цел преку нив да се извршат трансфери за да се даде поткуп на високи функционери во РМ, а тие дејствија се инкриминирани во сите меѓународни договори и конвенции на кои е потписник Република Грција и тие ги имаат истите дејствија во своите кривични дела, вели Тасева.

 
 
Прочитај повеќе

Експертите бараат надлежните да го испитаат случајот со тендерот за медицинска опрема

Експертската јавност бара надлежните институции да го испитаат случајот со тендерот за набавка на медицинска опрема во кој е вклучена и уредничката на Сител Ивона Талевска.

Според поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева, во целиот процес не треба да се разговара за етика туку дали има сериозни индиции за законска корупција. Според неа на потег се надлежните.

Прочитај повеќе

Државата станува затвор за Ромите „осомничени“ за азил

Се удираат црни печати на сите оние за кои македонската полиција ќе процени дека се потенцијални баратели на азил. Направи ли законот легален затвор од Македонија за многу ромски семејства? Транспаентност Интернешнл поведе иницијатива пред Уставниот суд. Во видео сторијата погледнете во какви услови престојуваат барателите на азил во Германија и зошто цели семејства одат на запад само за да ја поминат зимата на топло и со оброк.

Прочитај повеќе

Ревизорските извештаи без завршница

investmac.jpg 13.01.2013 Не постои целосна евиденција кој странски инвеститор како ја троши државната помош, нема попис на побарувањата од економските промотери, ниту, пак, има докази за вредноста на маркетинг кампањите. Ова се само дел од забелешките со кои излезе Државниот завод за ревизија. И сега што? Нема информации дека останатите надлежни институции во минатото постапувале по наодите на ревизорите, велат антикорупционерите.
Слаѓана Тасева од невладината „Транспаренси Интернејшнал Македонија“ вели дека по забелешките на заводот за ревизија, треба да постапи анти-корупциска и јавното обвинителство.
„За жал досега немаме сознанија дека овие институции постапуваат по извештаите на Државниот завод за ревизија, тие воопшто не се транспарентни како прво, така што ние и не знаеме што тие работат и дали нешто преземаат, а, пак, од сите случаи коишто ги видовме дека влегоа во судница во изминативе година-две и повеќе наназад, ние и досега не видовме случај којшто произлегол од извештај на Државниот завод за ревизија“, вели Тасева.
 
 
Прочитај повеќе

Потребна е заштита на пријавувачите на корупција

whistleblower.jpg 08.01.2014 Потребен е закон за заштита на пријавувачите на корупција со цел граѓаните да се охрабрат и да придонесат кон осветлување на ваквите практики, кои треба да бидат забележани и документирани за во иднина да бидат елиминирани, бара Транспаренси Интернејшнал.
Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернејшнал Македонија вели дека законот треба да почне да се применува веднаш по донесувањето, а не по две години како што планира владата. Според неа, законот ќе обезбеди механизми за заштита на оние граѓани кои ќе пријават корупција.
„Тој закон треба да обезбеди механизми за заштита на граѓаните коишто ќе се охрабрат да пријават корупција, тие механизми мора да бидат ефикасни и ефективни. Точно е дека ние имаме проблем со имплементирање на законите, но мислам дека тој проблем е веќе согледан од страна на сите меѓународни организации и сите ни укажуваат на тоа, да, вие имате добри закони, но тие закони не ги имплементирате и токму затоа имаме ваква состојба со корупцијата“, вели Тасева.
 
 
Прочитај повеќе

Среќна Нова 2014 година

                               Среќна Нова 2014 и Честит Божиќ

Merry Christmas and a Happy New Year 2014

 Gëzuar Vitin e Ri 2014

Sretan Bozić i Nova godina 2014

С Рождеством Христовым и с новым годом 2014

Fröhliches Weihnachten und Gutes Neues Jahr 2014

Navidad Alegre y feliz año nuevo 2014

                             Noël Joyeux et bonne Année 2014

christmas allegro ed anno nuovo 2014 e felice

السنة الجديدة السعيدة2014 

 

ti_greeting_card.gif

 

Прочитај повеќе

Реакција: Комисијата за пристап до информации го прогласи ТИ Македонија за противдржавен елемент

Утврдувајќи дека „Министерството за правда во врска со наведениот предмет правилно ја утврдило фактичката состојба и правилно ги применило одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ врз основа на образложението дека „сликата што би се создала од погрешното разбирање на ситуацијата доколку се овозможи пристап до податоците во оваа фаза, може да предизвика поголема штета за Република Македонија отколку ако тие останат недостапни за барателот и јавноста.“ (цитат од Решението) Комисијата го прифатила ставот на Министерството за правда дека работењето на Транспаренси Интернешнел е штетно за државата.

Не е јасно како Комисијата утврди дека постои правилно утврдена фактичка состојба, кога образложението не содржи ништо друго освен воздржаност од „сликата“ што би се создала (претпоставен негативен став), за нешто кое е по значајно за граѓаните на Република Македонија од „сликата“ која треба да ја прифатат (исклучителен и некритички позитивен став).

Прочитај повеќе