Соопштение
14.11.2012 Во изминатиот период поголем број на граѓани, жители на централното градско подрачје во Скопје, се обратија до ТИ–Македонија во врска со задолжување за плаќање на данок на имот.Имено, врз основа на Решение за утврдување на својство на споменик на културата – Урбана целина „Централно градско подрачје II“ во Скопје; бр.0804-259/1 од 01.06.1998 година на Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје, граѓаните согласно закон не биле должни да плаќаат данок на имот. Некои од нив откако се стекнале за ова сознание побарале и добиле, од ЕЛС „Центар“ регрес кој според закон можеле да го побаруваат, односно им бил вратен износот на средства уплатен по бесправен основ за последните 5 години. Некои од ови граќани, сега повторно добиле даночно задолжување и исто така задолжување да ги вратат средствата добиени по основ на ваквиот регрес.


