Конкурс

ti.jpg 21.02.2014 Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИ-М) има потреба од лица за набљудување на дел од националните медиуми во Република Македонија за период од 30 денови. Лицата ќе имаат обврска да учествуваат во процесот на набљудување на програмската содржина на медиумите, пред се во делот на информативните програми и програмите со вести на електронски медиуми, како и на текстуалните содржини во дневни и неделни весници на македонски и на албански јазик, во приближно време од 6 до 8 часа на ден. Мониторирањето е предвидено да се спроведе во периодот од крајот на март до крајот на април.
 
 
 
 
Прочитај повеќе

Бизнис тајните од тропските острови и Скопје 2014

20.02.2014 Ова не е приказна за Скопје 2014. Ниту за тоа дали се исплател или не. Ова е приказна за тајните кои ги кријат фирмите кои земаа голем дел од колачот наречен Скопје2014, но и други компании кои во јавноста важат за добри бизниси.
 

 
Прочитај повеќе

Има ли јавноста право да дојде до информациите од јавен карактер?

15.02.2014 Што е јавна, а што класифицирана информација? Како функционира Законот за право за пристап до информации од јавен каректер? Гости на Борјан Јовановски се Сабина Факиќ и Данче Даниловска

 

 

 

 
Прочитај повеќе

Македонија и натаму паѓа на листата на Репортери без граници

rwb.gif 12.02.2014 Нов пад, за седум места, бележи Македонија на ранг-листата на медиумската организација „Репортери без граници“ за слободата на информирањето во минатата, 2013. година. Ланската година се чинеше дека Македонија го достигна дното, откако беше рангирана на 116. место, но слободниот пад, кој трае од 2009. година, кога земјата била на респектабилното 34. место, сѐ уште трае.

Земји како Венецуела, Јужен Судан, Непал, Алжир и Мали котираат пред Македонија во однос на слободата на информирањето, а недалеку зад земјата на листата е Авганистан.

Репортери без граници го наведуваат и затворањето на новинарите Томислав Кежаровски и Зоран Божиновски.

 
 
Прочитај повеќе

Михајло Маневски треба да каже зошто е заташкан скандалот со Национална Платежна Картичка

st2014.jpg 11.02.2014 Слаѓана Тасева, неуморен борец против корупцијата во Македонија, во интервју за „Фокус“ проговори за најголемите афери во изминативе години, и објасни зошто мисли дека ниедна власт нема искрена волја да се справи со финансискиот криминал.
ФОКУС Да не беше Вашата неодамнешна прес-конференција, многу од луѓето немаше да знаат дека има уште еден извор на финансии за партиите од буџетот, покрај оние 15 денари од добиен глас на избори. Обичниот човек иронично би рекол: Откако партиите испокрадоа сѐ, уште овие пари им фалеа. За што се наменети тие средства?

ТАСЕВА Овој закон е донесен во 2004 година, во корпусот на антикорупциски закони. Значи, расправајќи тогаш за проблемот со корупцијата, односно за финансирањето на политиката – дојдовме до едно размислување, дека можеби е добро да се овозможи, како што има и во други држави, да се обезбеди финансирање на политичките партии од буџетот на државата. Тоа би биле пари за нивните основни, секојдневни активности и во период кога не се случуваат избори. Иницијативата за пишување на овој закон потекна од пратениците во тоа време, од Жерновски и од Шапуриќ.

 
 
Прочитај повеќе

Дали постои механизам со кој ќе се контролираат буџетските трошења пред избори?

10.02.2014 Ревизијата што беше спроведена за проектот “Скопје 2014“ ќе има разрешница, делата што се опфатени не застаруваат. Ова го изјави Слаѓана Тасева, престседателка на Транспаренси Интернешнл.

Целата емисија Тренд изгледајте ја во продолжение.

 


ТРЕНД by 24vesti

Прочитај повеќе

Колкав е партискиот багаж во независните институции

09.02.2014 Кој го контролира работењето на институциите и трошењето на парите на граѓаните? Зошто се кршат законите при нивните именувања и зошто Антикорупциската комисија го игнорира судирот на интереси? НОВА открива кој се седи во надзорните тела, колкави се нивните примиња, какви им се врските со кабинетите на премиреот и центрите на моќ и кои се луѓето кои извршуваат и по неколку функции одеднаш.
 

 
Прочитај повеќе

Несогласување со законските предлози за воведување на заштита на whistleblowers во Македонија

whistleblower.jpg 06.02.2014 Транспаренси Интернешнл- Македонија во неколку наврати и укажа  на надлежните институции дека постои неопходна потреба од нормативна заштита на пријавувачите на корупција со цел граѓаните да се охрабрат и да придонесат кон осветлување на коруптивни практики, кои треба да бидат забележани и документирани за во иднина да бидат елиминирани. Владата го стави овој закон во програмата за 2013 година, поради што на крајот на годината и потсетивме дека рокот е поминат.
Покрај ова, Транспаренси Интернешнел Македонија, како членка на престижната меѓународна организација Transparency International, во повеќе наврати понуди помош за подготовка на законско решение, пред се имајќи го предвид долгогодишното искуство на организацијата за работа во оваа област. Оваа понуда за соработка не беше прифатена и спротивно на принципите за отвореност и соработка во подготовка на законите кои се во интерес на граѓаните, организацијата не беше повикана да учествува во подготовката на Нацртот кој од 30.12.2013 е предмет на јавна расправа.    
Министерството за правда на Република Македонија подготви Нацрт текстот за Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупција кој беше објавен на 30.12.2013 година, со кој покрај другото, се воведува и систем на заштита на whistleblowers, во рамки на кој и целата постапка се става во надлежност на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

ТИ-Македонија се произнесе со мислење и сугестии во врска со Нацрт текстот за Предлогот кој е понуден за јавна расправа и за која смета дека има длабоки недостатоци кои треба да бидат целосно преиспитани. (Целиот текст со забелешките и коментарите кој е испратен до Министерството за правда на 06.02.2014 можете да го преземете во PDF формат.)

 

 
 
 
Прочитај повеќе

Како од Македонија се стига до рајот на даночните раеви?

24.01.2014 Како се одлеваат македонски пари на овие дестинации и кои се инвеститорите од овие егзотични места во Македонија?

Петар Гошев поранешен гувернер на НБМ и новинарката Ида Протугер ги коментираат информациите на НОВА за тоа кои Македонци отвораат фирми и сметки во даночните раеви.
 
 

 

Прочитај повеќе

Фридом хаус: Македонија делумно слободна

freedomhouse.jpg 23.01.2014 Во најновиот извештај на Фридом хаус се оценува состојбата со слободата во 195 земји и 14 територии во текот на минатата година. Секоја од нив добива оценки во две категории: политички права и граѓански слободи. Највисоката е единица, а најслабата е седумка. Македонија и годинава за двете категории е оценета со тројка.
Од регионот во истата група на делумно слободни уште се и Босна и Херцеговина и Косово, додека Србија, Црна Гора и Хрватска се наоѓаат во групата на слободни земји.
Всушност, како што се наведува во извештајот, повеќето европски земји покажуваат висок степен на почитување на демократските стандарди и граѓанските слободи и покрај тоа што некои од нив се соочуваат со растечки национализам како одговор на бранот имигранти.
Сепак, во Европската унија лани не бил забележан пад на оценките.
 
 
Прочитај повеќе