Компаниите од растечките џинови Кина и Русија, најверојатно плаќаат поткуп во странство
02.11.2011 (Лондон/Берлин) Поткупувањето на јавни службеници кога се склучува бизнис надвор од сопствената држава е редовна појава, според истражувањето на 3000 (три илјади) бизнисмени од развиени и земји во развој.Индексот на поткупувачи на Transparency International за 2011 година, објавен денес, ги рангира 28те водечки меѓународни и регионални земји извознички по веројатноста на нивните компании да поткупуваат во странство. Компании од Русија и Кина, кои имаа 120 билиони долари прекуокеански инвестиции во 2010тата година, се претставени како земји кои веројатно плаќаат најмногу поткуп во странство. Компаниите од Холандија и Швајцарија се претставени како земји кои веројатно најмалку поткупуваат.





