Политиката корумпира во секој сегмент
18.04.2011 „Верувале или не“ го скенираше и „Скопје 2014“, а анализата потврди незаконски потрошени пари од државната каса. Најавивте пријава и до јавниот обвинител. Што очекувате?Побаравме утврдување на фактичката состојба и евентуална индивидуална одговорност на лица што имале обврска да се грижат за законитоста на трошењето на буџетските пари. Очекуваме реакција од Јавното обвинителство, по примерот на европските држави, каде што институциите веднаш започнуваат постапка за проверка. За жал, досега нема многу позитивни искуства за постапување на нашето Јавно обвинителство по иницијативи од други институции, како што е Државната комисија за спречување на корупцијата и по иницијативи од граѓански организации и граѓани. Сепак, одлучивме она што го имаме да го доставиме до јавниот обвинител, а искрено, очекувам дека работите ќе почнат да се менуваат. Нашата анализа е многу детална, што ќе им ја олесни работата на обвинителите. Дополнителна околност што оди во прилог на нашиот и на општиот интерес случајот да добие правна разрешница, е тоа што за овој вид дела Кривичниот законик предвидел високи санкции, а со тоа и долги рокови на застарување.


