TI ја поздравува транспарентноста на корисниците на фондот на ЕУ
03.10.2008 Transparency International го поздравува системот на Европската Унија за обелоденување на корисниците на нејзините фондови. Европската комисија неодамна промовираше неколку веб портали низ кој може да се добие информација за корисниците на одредени фондови од Европската Унија и истите да бидат проверени. TI ги повикува државите членки на ЕУ и Комисијата за понатаму да ги подобрат информациите обезбедени и објавени во системот за обелоденување.

