Прогласени добитниците на Наградата за интегритет за 2007 година

Наградата на „Transparency International ги препознава интернационалните антикорпциските лидери и коренити активисти

 ti

12.12.2007 Виетнамскиот коренит антикорупциски активист и правен експерт кој работи против интернационалниот поткуп, беше избран за победник на изборот за Наградата за интегритет на „Transparency International” (ТI) за 2007 година. ТI е глобална антикорупциска организација со приближно 100 национални преставништва ширум светот.

 

По пензионирањето во 1984 година , Ле Хиен Дук, виетнамска учителка, стана истакнат антикорупциски борец со поднесување жалби и преку помагање на своите сограѓани да се спротистават на ситниот поткуп и големата корупција. Нејзиниот респект кон власта завршува онаму кадешто почнува корупцијата. Дук им влезе во трага на службеници од ниски и високи нивоа на различни начини, дома или во канцеларија, со цел да осигура дека тие не можат да ги игнорираат жртвите на корупција кои ги бараат своите права. И покрај многуте закани, таа даде надеж и храброст за запирање на прифаќањето на корупцијата.

Прочитај повеќе

Антикорупциска стратегија во образованието

  rt11122007
11.12.2007 Искоренување на корупцијата во образованието во Македонија, која е оценета како екстремно висока, беше тема на тркалезна маса денеска во Скопје.

Претставници на централната власт, експерти, како и директори на училишта на тркалезната маса, дебатираа за коруптивното однесување во македонските училишта и како таа појава да се искорени.

„Aко ги имаме во предвид резултатите од истражувањата што по повод Светскиот ден за борба против корупцијата ги објави “Транспаренси Интернешенел“ за Македонија, видовме дека секторот образование е оценет како екстремно корумпиран“, изјави Слаѓана Тасева, претседател на организацијата „Транспарентност – Нулта Корупција“.

 
 
Прочитај повеќе

Покана до медиумите

10.12.2007 Во рамките на проектот „Култура на законот наспроти корупција“, Транспарентност- нулта корупција организира тркалезна маса која ќе се одржи на 11.12. 2007 (вторник) во хотелот „Стоун Бриџ’ во Скопје со почеток во 11 часот.            На тркалезната маса ќе присуствува државниот секретар од Министерството за образование и наука на Република Македонија, г-дин Перо Стојановски,…

Прочитај повеќе

Барометар на корупција за месец Ноември 2007 г.

bistromatno
09.12.2007 Условните казни за полициските специјалци који ја демолираа дискотеката „Процес“ е најматен, а увидот во Катастарот најпозитвен настан во ноември годинава.

Ова се ставови на главни уредници во 18 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија искажани во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација “Транспарентност – Нулта корупција“.

Во „силна конкуренција“ на негативни настани во ноември најматен, со 7 гласа, е условната казна од една година за 30 припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Тие условно се осудени иако извршија брутално насилството и упад во скопската дискотека „Процес“, при што го демолираа инвентарот и претепаа двајца припадници на обезбедувањето, во декември лани.

Прочитај повеќе

Глобален барометар за корупцијата 2007

ti_logo

06.12.2007 – Берлин. Според Глобалниот барометар за корупцијата на Transparency International за 2007,  сиромашните држави се најсилно погодени од побарувањата за мито, како во развиените, така и во земјите во развој. Истражуањето на јавното мислење, објавено денеска пред Интернационалниот Анти-корупциски ден на 9-ти декември, исто така покажа дека граѓаните во земјите низ светот продолжуваат да ги гледаат политичките партии и парламентите како институции најкорумпирани од корупцијата.

Барометарот кој испитува 63,199 испитаници во 60 земји, нуди широк спектар на информации од заедничките искуства во врска со корупцијата, вклучувајќи го и тоа, кои институции најчесто бараат поткуп, каде граѓаните гледаат најголем степен на корупција и како тие гледаат на идниот развој на корупцијата како и на напорите на нивните влади да ја искоренат.

pdf Анализа на состојбите со поткуп – ТНК 179.74 Kb

 

pdf Често_поставувани_прашања_за_ГБК_мак 154.97 Kb


pdf GCB_2007_presentation eng 294.40 Kb

Прочитај повеќе

Промовиран новиот Закон за јавни набавки

  logo-bjn

03.12.2007 Зголемена транспарентност на тендерските процедури, конзистентност со останата легислатива и зајакнување на правната заштита на учесниците на тендерите, овозможува новиот Закон за јавни набавки што на 6 ноември беше донесен во македонското Собрание, а ќе почне да се применува од почетокот на идната година.

На денешната промоција на Законот за јавни набавки присуствуваше министерот за финансии Трајко Славески кој рече дека донесувањето на законот се темели на обврските за усогласување на македонското законодавство со она на Европската унија и оти појдовна основа за изготвување на законот се Директивите на Унијата кои ја регулираат областа на јавните набавки.

Прочитај повеќе

Медијацијата може да биде лек за стопанските спорови

sudskopje
04.12.2007 Од 40 иницирани постапки за решавање спорови со помош на медијатори, 11 се успешно завршени со спогодба меѓу странките, а околу 45.000 евра се вратени во промет. Ова го покажуваат статистиките на Интернационалната финансиска корпорација (ИФЦ), која финансиски и технички го поддржува спроведувањето на Законот за медијацијата во Македонија. Во ИФЦ велат дека македонските граѓани се' уште не се запознати со овој нов, вонсудски начин на решавање на споровите, но сметаат дека досегашниот интерес за него е добар.
Прочитај повеќе

Договорот за продажба за ЕСМ утре достапен за јавноста

esm-zname

28.11..2007 Македонската влада денеска отворено изрази сомневање во договорот за купопродажба на ЕСМ, најавувајќи притоа можност од активирање на банкарската гаранција.

„Договорот за доверливост на информациите околу купопродажниот договор за ЕСМ, помеѓу македонската влада и австриски ЕВН истекнува утре, по што истиот веднаш ќе биде објавен на владината веб страна“, изјави портпаролот Ивица Боцевски.

Прочитај повеќе

Известување до јавноста

  27.11.2007 "Транспарентност- нулта корупција" одржа редовно годишно Собрание на кое беа донесени повеќе одлуки и беше избран нов претседател на организацијата. На Собранието што се одржа на ден 26.11.2007 г. членовите беа информирани за работата на организацијата за периодот ноември 2006 – октомври 2007 година , за состојбата со членството, беа избрани нови членови…

Прочитај повеќе

Потпишан меморандум за разбирање помеѓу ДКСК и UNDP за емитување на ТВ клип

stopcorruption 23.11.2007 Денес, во просториите на Државната комисија за спречување на корупција, г-ѓа Марија Луиза Солва Мехиас, постојан координатор/ постојан претставник на UNDP и г-ѓа Мирјана Димовска, претседател на комисијата, потпишаа меморандум за разбирање за отпочнување на медијска кампања за подобрување на разбирањето и свесноста на граѓаните од негативното влијание на корупцијата за ефикасно и транспарентно обезбедување на јавните сервиси.

 

Телевизискиот спот е производ на UNDP а е прифатен од ДКСК. Ќе биде прикажуван на македонски и албански јазик. Речиси сите телевизиски станици со национална концесија : Телма, Сител, канал 5, Алсат, МТВ1 и МРВ 2 обезбедија слободен медиумски простор, изразувајќи голема поддршка на оваа значајна иницијатива.  Емитувањето на ТВ спотот започнува на 26 Ноември 2007, понеделник и ќе трае до 9-ти декември 2007, светскиот ден за борба против корупцијата.

 

Прочитај повеќе